0 коментари 1 мин. читање 4 април, 2016

Погледнете како дрон лови други дронови

Како што дроновите стануваат се попопуларни, и се почесто надлетуваат над забранети зони, така станува неопходно да се најде решение како да се спречат. Засега имавме можност да видиме дел од решенијата кои се предлагаат – од истренираните орли до леталото Dronecatcher од Delft Dynamics кое може да ги улови и безбедно слета другите дронови.

Dronecatcher може да испука мрежа, а откако дронот ќе биде уловен се активира падобран за леталото да слета безбедно. Овој проект на компанијата е еден од проектите кои се финансирани од холандското Министерство за безбедност и правда, Холандската кралска полиција и Кралската воена полиција. На видеото е презентирана демонстрацијата на леталото, засега во рана фаза на развој. Леталото засега е повеќе доказ за концепт отколку потполно функционален прототип, но не би изненадило да видиме вакви полициски дронови во иднина кои ќе го патролираат небото.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top