Blink Board е најевтиниот и најлесниот електричен скејтборд

Можеби автомобилите имаат најголема електрична револуција, но електрични мотори се инсталираат и на помалите уреди. Најверојатно веќе сте чуле или виделе електрични скејтборди со четири или две тркала, на кој корисникот најчесто изгледа прилично будалесто. Еден од таквите „rideables” уреди е Blink Board, кој е речиси копија на стандарден скејтборд, но со електричен мотор. За разлика од најголем дел од ваквите уреди Blink Board доаѓа со цена од 500 долари, што е далеку поевтино од конкурентите кои надминуваат над 1.000, па сѐ до 2.000 долари.

Втора голема предност на Blink е големината и тежината. Станува збор за лесен електричен скејтборд со споредлива големина. Управувањето и возењето е едноставно, а Blink доаѓа со „далечински управувач“ со кој возачот може да одбере дали ќе вози напред или назад, а Blink може да боди со две брзини: почетник 15 km/h и експерт 24 km/h. Батеријата овозможува комотно минување на 10 километри со едно полнење. „Blink Board е одлично направен и е доволно широк, а дебелите тркала овозможуваат мирно возење. Благодарение на боењето на даската има и повеќе карактер од останатите електрични скироли“, вели Verge кои имаше можност да го тестира Blink Board.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk