Apple нуди поевтини USB полначи откако жена загина од електричен удар од неоригинален адаптер за iPhone

По официјалната истрага, Apple потврди дека смртта на 23-годишната Кинескиња е предизвикана од електричен удар од неоригинален полнач за iPhone 5. Ма Алун беше убиена од електричен удар во јули додека зборуваше на својот телефон кој се полнеше на неоригиналeн USB адаптер за струја.

За да спречи идни несакани случаи, Apple започна глобална програма за замена на фалсификати и полначи за iPhone направени од други компании, со оригинални USB полначи кои ќе чинат околу 10 долари. Програмата ќе започне од 16-ти август и ќе трае до 18-ти октомври. Замената ќе може да се направи во продавниците на Apple или во партнерските препродавачи, и ќе може да се замени по еден адаптер за секој уред.

Apple избегна да ја спомне починатата г-ѓа. Алун во својата најава за програмата за замена, но најави дека ќе ги фрли „лошите и фалсификувани адаптери на еколошки начин“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments