Е-Tестови за Windows Phone е апликација за идните возачи кои го учат теоретскиот дел за полагање на возачкиот испит. Апликацијата, која може да се користи и офлајн, ги има сите прашања кои кандидатите за возачка дозвола од Б-категорија треба да ги знаат за да се снајдат во собраќајот. Kреирана е од Дарко Апостолоски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
@IT_info @itcommk Е-Тестови – нова македонска апликација за WP8 за идните возачи. http://t.co/flhYR3Q9sL
— Darko (@darko2012a) December 15, 2013
Е-тестови ќе им се најде корисна за сите кои сакаат да се подготват за тестовите, но и на тие тазе возачи кои потешко се снаоѓаат во сообраќајот, или на кои им треба проверка на знаењето околу знаците. Апликацијата има објаснување за значењето на знаците, од тие за информирање и дополнителни табли до тие поважните знаци за опасност и изречните наредби. Има и прашања околу ситуации на раскрсници, и друго неопходно знаење кое мора да го знаете пред да седнете зад волан. Иако е наменета само да ги опфати тестовите, сепак, иако тоа е поголем зафат, не би било лошо да има и мапа на градовите во Македонија со информации каде се поставени знаците.
Mожеш да ја пуштиш и на Windows Store, зошто само Windows Phone?!? Зголеми си ја публиката :)
odlicna idea ama ja zgresil platformata :)
Одлична идеја!
Bravos, odlicna aplikacija. Dobro e sto se zgolemuva brojot na makedonski aplikacii na Windows Phone Store.
+1