Windows Phone 8.1 ќе има виртуелни копчиња за навигација

Microsoft сè уште ја тестира 8.1 надградбата на Windows Phone, но на интернет веќе постојат парцијални фотографии од изгледот на почетниот екран на телефонот. Доколку е точна, фотографијата ги потврдува неодамнешните тврдења дека Microsoft работи на уред кој нема да има физички копчиња. Решението е сите копчиња да бидат префрлени на дисплејот.

Отстранувањето на физичките копчиња ќе ја намали цената на телефоните, но и ќе им овозможи на производителите на телефони да креираат исти уреди за Android и Windows Phone, констатира Verge. Освен ова компанијата размислува да понуди бесплатна верзија на оперативниот систем за таблет компјутери и паметни телефони, со што дополнително ќе се намали цената на Windows уредите. Засега станува збор за шпекулации, a Microsoft ја закажа својата конференција за почетокот на април 2014 година, кога ќе објави повеќе детали за асистентот „Cortana“, надградбата на Skype и повеќе промени на интерфејсот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments