Apple размислува за големи работи. За поголем 4,7 инчен iPhone, кој можеби беше истуркан од конкуренцијата од Samsung и HTC кои немаат телефон помал од 4,5 инчи, дури и Mini верзиите; и за поголем 12,9 инчен iPad кој би требало да биде претставен во 2015-та година.
Според Bloomberg, партнерите на Apple веќе се подготвуваат за производство на „најголемиот iPаd до сега“. Претходниот iPad Air е 9,7 инчи, како и сите претходни верзии, додека iPad Mini е 7,9 инчи.
Таблет компјутерите се практично решени за гледање на телевизија, читање или сурфање на веб. Но, продажбата на iPad опаѓа во последните два квартери, и покрај претставувањето на нови модели. Причина за падот е што корисниците купуваат паметни телефони со големи димензии, 4,5 инчи, па се до 6 инчи, што во суштина ги задоволува нивните потреби. Но, 12,9 инчен екран е скоро како лаптоп, па Apple се надева дека големината ќе им биде важна на корисниците.







