Протетичките помагала не мора да асоцираат на нешто изгубенo, напротив, со новите технологии може да бидат шанса да се креира нешто убаво. Дизајнерот Еван Кустер со помош на 3Д принтер креираше прекрасна протетичка рака за својата пријателка Иванија Кастиљо. Еван забележа дека Иванија е без рака и откако собра доволно храброст ја повика во лабораторијата, во која покрај останатите алатки има и 3Д принтер.
Раката ја изработија со софтверот за 3Д моделирање Rhinoceros 3D и плагинот Grasshopper. По долготрајното мерење, дизајнирање, Еван и Иванија конечно во вториот обид креираа 3Д-модел од ABS со кој беа задоволни. Раката малку жртвува од својата цврстина за дизајнот, но целта на оваа протетичка рака е повеќе да биде моден додаток отколку практично помагало.
„Ова е мој втор обид за креирање на протеза и овој е значително подобар од првиот пат. Доколку го креирам повторно ќе го подобрам дизајнот најмногу што можам. Во идеални услови раката би се движела и би била функционална, за жал ограничен сум од сегашната технологија, затоа се задоволив со естетска протеза, која ќе ја „слави“ единствената можност презентирана од моделот. Зборувајќи со термини од 3Д-принтањето, стабилноста на моделот може да се подобри. Мојот прв обид беше прегломазен, а овој е премногу тенок, жртвувана е силата за естетскиот изглед“, вели г.Кустер за Makezine.









