0 коментари 2 мин. читање 29 август, 2014

Project Wing е тајниот проект на Google за достава со беспилотни летала

Веќе две години Google во тајност тестира автономни беспилотни летала кои ќе доставуваат продукти. Но, за разлика од Amazon кој сака да направи курири од беспилотните летала, Google вели дека конечната цел за нивните дронови ќе биде да доставуваат помош до изолираните предели кои се зафатени со природни незгоди.

Тимот зад Project Wing е истиот тим кој работи на автономното возило на компанијата. Според Дејв Вос, лидер на тимот, беспилотните летала можа да служат и за медицински цели за достава на лекови и опрема до лица побрзо од амбулантната кола. Леталото има 1,5 метри распон на крилја, тежи 8,5 килограми и се движи со електрични пропелери. Може да лета до претходно програмирана локација, но патот до таму го одбира самостојно.

Google работи на прототип на Project Wing цели две години, и ги тестирал успешно на фарми во Австралија. Австралија е избрана за тест бидејќи, според Google, земјата ила „прогресивни“ правила за користење на беспилотни летала.

[youtube]cRTNvWcx9Oo[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top