14 коментари 1 мин. читање

Платете таксена марка преку мобилна апликација

Административната таксена марка за патна исправа, возачка дозвола и за студенти, отсега ќе може да се плаќа преку Android, iPhone или BlackBerry телефон. Taksena Marka е официјална апликација на Министерството за информатичко општество, и е изработена од Web Factory, дечките кои освоија второ место на Vip Android предизвикот.

Апликацијата е прилично едноставна. Одбирате за што сакате да платите, внесувате сума и праќате СМС. Во моментов ја има само на Android пазарот, претпоставувам дека зa iPhone и Blackberry се чека одобрување на апликацијата.

Овој систем работи на ФИНКИ, новиот факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство. МИО бара од институциите и факултетите да се пријават кај нив за да се обучи администрацијата која ќе работи со овие системи за да знаат како да извршат проверка за дали е платена таксена марка.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

14 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top