Пирати повелете, послужете се, вели ЕА

во Софтвер

{mosimage}Кога во мај излезе третото продолжение на the Sims, пиратската верзија од играта беше нелегално симната 100,000 пати за 3 дена. Но на изненадување на сите Еlectronic Arts не се разочараа од тоа. Тие цело време имале итар план.

„Ако има некој пират кој го чита ова, ве охрабрувам да ги пиратирате Fifa Online, NBA Street Online, Battlefroge…Ако тие пиратираат повеќе ќе ги сакам (смеење). Бидејќи тоа што е во играта е можноста/реклама да се купат продуктите“ им порача на пиратита Џон Рицитело, директорот на ЕА, во интервју за IndustryGamers.

Што е планот на ЕА? Кога ќе ја симнете пиратската верзија на the Sims 3 вие всушност симнувате само дел од играта, пример: само неколку парчиња мебел, облекло, лимитиран изглед на лик, само еден град… Останатиот и поголемиот дел од играта, треба да се симне од сајтот на Sims 3 со код од оригиналната игра, код кој го нема во пиратската верзија.

Изгледа дека овој потег или „скриена маркетинг кампања“ како што ја нарече г-дин. Рицатело им успева во борба против пиратеријата.

„Колку чини играта?“ ме праша еден фан на Sims, која наместо да ја купи, ја симнала пиратската верзија и беше разочарана поради малиот број на виртуелните предмети кои ја прават играта интересна, предмети кои во претходните делови на the Sims ги имаше на стотина.

{mosimage}

Интересен потег од страна на EA во борба со пиратеријата. Продавање услуга наместо продавање продукт, вели директорот на ЕА.

„Да, верувам дека ова е одговорот на пиратеријата. И ова е трикот: ова не е одговор бидејќи ги победивме пиратите, но е одговорот бидејќи ја прави услугата толку вредна во споредба со спакуваниот производ кој ја губи вредноста. Можеш да ги доставиш овие додатни услуги само на корисници кои ги препознаваме и знаеме… Вистината е дека ние нудиме подобра услуга од пиратите“ вели г-дин. Рицатело.

Овој потег за борба против пиратеријата е погенијален за разлика од масовните тужби и огромни казни насочени кон сајтовите кои нудат споделување на пиратска содржина.

Вчера германскиот суд го казни RapidShare.com, популарен сервис кој овозможува хостирање на фајлови, со 24 милиони евра за () помагање на пиратерија. На RapidShare, исто така, му беше наредено да ја набљудува и филтира содржината која ја хостира.

Но за разлика од интересното решение на ЕА, ваквата борба против пиратите не е ефикасна, бидејќи како што пишував еднаш, пиратите едноставно ќе отидат „underground" и ќе користат побезбедни сервиси. Пример за тоа е iPREDator сервисот на the Pirate Bay, кој нуди анонимност на интернет преку приватни мрежи – VPN. iPREDator неодамна влезе во бета фаза.

Од друга страна, компании како Blizzard Еnt. која со World of Warcraft заработува милиони и милиони долари месечно, нема никаков проблем со пиратите бидејќи околу 12 милиони играчи плаќаат претплата за да играат. Тоа е истиот модел на работа кој што го планира и Еlectronic Arts – тие продаваат услуга, а не продукт.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments