Правилник за новинари закачени на друштвени мрежи

во Веб

{mosimage}Кога и каде треба да се повлече граница меѓу работата и професијата, посебно ако сте новинар? Дали смеете преку вашиот профил да се приклучите на некоја група на Facebook која е политички ориентирана? Дали може да се ретвитне некоја вест без претходно да се проверите веродостојноста на истата? Кога сме кај веродостојноста, дали треба пријателите и информациите од друштвените мрежи да ви бидат извори за вест?

Ова се сложени прашања за многу новинари и медиуми. Етиката на професијата подразбира одредени правила. Но тие правила се поставени пред да се запознаеме со друштвените мрежи, место каде личното и работата можат да се измешаат. Затоа новинската агенција Associated Press воведе строги и стрикни правила за своите вработени кои имаат профил на некоја друштвена мрежа.

„Добра идеја е да си внимавате на вашиот профил и да се осигурате материјалот кој е постиран од други да не ги прекршува стандардите на Associated Press. Ако има таков материјал тој треба да се избрише“ ова е едно од строгите правила на AP.

Овој правилник се појавува недела дена откако Ричард Ричтмаер беше прекорен од AP заради оставање на коментар со кој критикува друг медиум. „Да беше ова кажано во реалниот живот, ова ќе се изгубеше во воздухот на кафеански новинарски муабети“ пишува магазинот Wired, каде можете да прочитате повеќе за г-дин. Ричтмаер и за уште неколку примери за вработени, казнети или отпуштени поради коментари на Facebook

Иако текстот на Wired отвара нови теми за тоа дали вработените преку друштвените мрежи влијаат на репутацијата на фирмата за која работат, сепак продолжувам да пишувам за новинарите бидејќи се најосетлива професија во тој поглед.

Како што може да се види од правилата на AP тие се отворени кон користењето на друштвените мрежи бидејќи „тие се извор за граѓанско новинарство. Една од нашите топ фотографии за падот на авионот во реката Худсон, на пример, е фотографија направена од цивил што се појави прв пат на Twitter“.

Од ова се гледа дека работата на новинарот не прекинува ни кога е на друштвените мрежи. Но дали AP има право да бара одговорност од своите вработени за коментари оставени од другите?

{mosimage}

Од една страна AP се во право.

„Ние сите го преставуваме AP, и ние сите мора да ја заштитиме неговата репутација“ пишува во правилата.

Вистина е дека „на интернетот ништо не е приватно“, вистина е дека новинарот мора да си го зачува кредибилитетот бидејќи тој е кредибилитет и на медиумот за кој работи…

Но бришење коментар на друг? Заборавете ја слободата на говор, бидејќи тоа е ексклузивна слобода на новинарите!

Сега за сега вакви правила нема во Македонија. Нема, бидејќи медиумите не се заинтересирани за ефектот на друштвените мрежи. Можеби и не знаат за тоа. Може да се каже и општо дека во Македонија луѓето не се заинтересирани толку за друштвените мрежи. Малку кој знае за Twitter, Flickr, DevARТ, Facebook стана хит од декември минатата година.

Но македонските медиуми се повеќе започнаа да обрнуваат внимание на интернетот и друштвените мрежи. За 6 месеци на Facebook бројката на македонски профили се покачи до
262,000 македонски профили, во април имаше 162,000. Во таа бројка се и профили на новинари.

Па, можеби наскоро ќе треба да се разгледаат принципите на професијата за друштените мрежи. Кредибилитетот е важен, но и слободата на говор.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk