0 коментари 2 мин. читање

Од Fujitsu-Siemens остана само Fujitsu

{mosimage}При крајот на 2008 јапонскиот гигант Fujitsu го откупи делот на Siemens во заедничката компанија Fujitsu-Siemens Computers (FCS), и го започна процесот на ребрендирање на производите на FSC во Fujitsu. По тој повод, вчера во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа комерцијална презентација на брендот на која беше претставено и партнерството со NetApp и нивниот официјален влез на македонскиот пазар.

На презентацијата, која беше отворена од локалниот претставник на компанијата Зоран Лазаревски, учесниците беа запознаени со брендот Fujitsu – компанија со над 160.000 вработени и значајно присуство на светскиот ИТ пазар, особено пазарот на ИТ услуги од каде што доаѓаат 56% од приходите на компанијата, како и пазарот на хард дискови и работа со решенија за подобрување на дигиталниот простор, на кој Fujitsu има 20% удел.

Беше најавен и влезот на македонскиот пазар на глобалното партнерство на Fujitsu и NetApp, американска компанија со 8.000 вработени и годишни профити од 3 милијарди долари која работи примарно со управување на сервери и менаџмент на податоци.

{mosimage}

{mosimage}

Кратките презентации во хотелот Холидеј Ин траеа до 14 часот, а вечерта, во ирскиот паб Даблинер во Скопје со почеток од 20 часот беше претставен новиот сервер на Fujitsu, Primergy BX900 Blade, кој заради "заглавување на царина", визуелно беше достапен само на проекторот.

{mosimage}

{mosimage}

Повеќе слики на нашиот Flickr профил или Facebook профил.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top