Претпазливо на Facebook

{mosimage}Phishing вирус моментално ги напаѓа корисниците на Facebook. Вирусот се појави преку викендов каде корисниците добиваа порака да го посетат сајтот Gol**ase.be кој изгледа како копија на Facebook, но е измамнички сајт. Откако тоа се разоткри вчера беше откриено и дека истиот phishing трик се користи но со кратките URL-а.

Што се кратки URL-а? – Тие се скратени адреси на сајт, пример. http://tinyurl.com/ofcmn4 наместо подолгото URL на сајтот – http://it.com.mk/index.php/Statii/Sigurnost/Pogled-od-drugata-strana-intervju-so-haker. Проблемот со скратените линкови е што не можете да ја видите адресата на сајтот, освен ако не кликнете на линкот. Доколку користите Firefox, оваа екстензија ќе ви помогне кратките линкови да ги гледате како долги.

{mosimage}

А што е phishing? Phishing хакирање е всушност имитирање на сајт. Во конкретниот случај скратеното URL ве води на сајт кој што личи на Facebook и кој ви бара да се логирате со вашето корисничко име и покрај тоа што вие веќе сте логирани на вашиот Facebook профил. Штом се логирате на лажниот Facebook, вашето корисничко име и шифра е во рацете на хакерите кои ќе ги искористат да влезат во вашиот профил и ќе ги спамираат вашите пријатели со приватни пораки кои ќе го содржат скратениот линк до лажниот Facebook.

Како да се заштитите? – Прво избришете ги колачињата (cookies) од вашиот прелистувач. Тоа може да се направи со одење на Оptions/Tools (зависи кој прелистувач користите) и на Clear Browsing History опцијата. Потоа веднаш сменете си ја лозинката на вашиот Facebook профил. При тоа осигурајте се дека ја пишувате целата адреса со HTTP://www.facebook.com. Кога ќе сте на друштвената мрежа осигурајте се дека горе во табот за адресите пишува facebook.com. И за крај проверете дали вашиот анти-вирус програм функционира и е апдејтиран. Најважно од сé – внимавајте на пораките.

Моментално од Facebook работат на проблемот и се претпоставува дека нападите врз профилите главно се насочени кон корисниците од САД, сепак Филип Стојановски на својот блог Razvigor.com.mk напиша „Деновиве повеќе корисници на Фејсбук, меѓу кои и јас, почнаа да добиваат пораки од пријатели кои се всушност пратени од вирус.“ Следејќи го линкот што тој го постира може да се види дека вирусот се појавил и на хрватски профили.

Затоа претпазливо.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments