1 коментар 3 мин. читање 13 август, 2015

Пионирите доаѓаат на Балканот, ги бараат најдобрите стартапи

Pioneers Festival oрганизира балканска турнеја во потрага по локални стартапи кои би го повториле успехот на Никола Тесла и другите локални иноватори. Турнејата Pioneers of the Balkans започнува со дружење низ различни градови – од 10 август во Нови Сад, проаѓаат низ Скопје на 18-ти август и завршуваат во Осиек на 28-ми август. Големото финале е закажано за 3-ти декември во Загреб каде најдобрите стартапи ќе можат да добијат инвестиција од 200.000 евра.

Во Скопје на 18-ти август се најавени две дружења кои се поврзани со турнејата. Првиот е официјален настан организиран од Balkan Venture Forum (BkVF) и SuperFounders Skopje кои се партнери со Pioneers Festival. Средбата е закажана во Концепт 37 со почеток од 19 часот, и како што ни откри Александар Тасев oд BkVF ќе гостува Јанко Милуноќ од тимот на Pioneers за да ја запознае локалната стартап сцена. Вториот настан е собир организиран од NewMan’s Businness Accelerator на кој се поканети стартапи да споделат идеја со акселераторот и да одлучат дали идејата е зрела за да учествува на Pioneers.


Дружењето е првата фаза од турнејата, по кое oд 1-ви септември следи тренинг за одобрените стартапи да подготват добра презентација. Околу 300 стартапи ќе треба првин да импресионираат на полу-финалето во Белград од 10 до 12 ноември, а најдобрите 50 ќе бидат поканети на Balkan Venture Forum во Загреб каде ќе презентираат пред стотина инвеститори на финалниот Demo Day.

Pioneers ги покани сите регионални стартапи да аплицираат до 31-ми август. Секој стартап ќе добие менторство од искусни претприемачи и шанса да се претстави на еден од најреномираните стартап програми. Можеби е попаметно да аплицирате веднаш, бидејќи како што велат од Pioneers „така ќе имаме повеќе време да ви ја прочитаме апликацијата“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Јован
Јован
10 years ago

Мој совет до сите стартапи, не губете време по вакви глупости. посветете се на продуктот направете клиенти (traction) и инвеститорите сами ќе ве бараат.

Мени
Заедница
Изглед
To top