ИТ настан: Конкурс за бесплатен курс за машински инженери на Академија Микросам

0 коментари 1 мин. читање

Прилепската Академија Микросам организира конкурс за бесплатен курс за инженерски помошници во машинството. Курсот ќе започне на 21 септември и ќе се спроведува 4 месеци. Ќе се изучуваат следните предмети: инженерска математика и физика; структурна анализа; техничко цртање и моделирање; и машински елементи. Предавањата во текот на курсот ќе ги држат универзитетски професори и искусни машински инженери. Микросам на учесниците ќе им ги обезбеди сите услови за посетување на курсот, како и соодветна пракса во просториите на Микросам АД.

Сите заинтересирани кандидати треба да имаат основно познавање од англиски јазик и средношколска математика. Изборот на курсисти ќе се одвива преку влезно селекционо тестирање кое ќе се спроведи на 15.09.2015, а ќе се тестира логичко размислување, математика, англиски јазик и инженерски предиспозиции. Најдобрите кои ќе го поминат курсот ќе добијат можност да станатдел од Микросам. Повеќе информации ќе добиете на akademija(ат)mikrosam.com.mk.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top