Пет веб-базирани алтернативи на Word

во Совети

Кога станува збор за создавање на документи и пишување на текстови, скоро сите сме научени да користиме софтвер како Microsoft Word, Open Office, Notepad, TextEdit и сл. Со развивање на вебот како платформа за интерактивни и корисни сервиси, се развија и неколку интересни текст едитори кои ни овозможуваат да пристапиме кон напишаните содржини од било кој компјутер кој има пристап на интернет.

Во продолжение следат неколку такви онлајн сервиси:

1. Google Docs
Ова е еден од најкористените онлајн процесори. Одличен е како замена на Word, PowerPoint и Excel, а овозможува и онлајн колаборација во реално време. Docs е официјален сервис на Google, што значи дека е стабилен и постојано се надополнува со нови поддржани формати и опции. (пр. денеска беше објавено дека се поддржани .docx и .xlsx форматите на Office).

2. Zoho Writer
Релативно нова апликација која е одлична алтернатива на Word. Не е ни малку за изненадување што Zoho Writer наликува многу на текстуалниот едитор на Microsoft, односно ги има табовите и се што сме се навикнале да имаме во Word, но тоа овозможува полесно користење на сервисот. Повеќе за Zoho Writer тука.

3. Adobe Buzzword
Oткако Adobe навлезе во светот на документите и текстуалната презентација со Acrobat Reader, се реши да го купи и сервисот Buzzword, кој претставува платформа за создавање документи на едноставен и брз начин. Можностите за форматирање на текстот се ограничени, и голем минус е тоа што не поддржува кирилица, но сервисот си има дополнителни предности, особено во интерфејсот.

4. ThinkFree Office Write
Сервисов работи малку на поинаков начин… нуди можности за конвертирање во PDF и прегледување на Office документи директно од неговата платформа. Доколку сте на компјутер на кој немате инсталирано Office а имате потреба да отворите документ, се што треба да направите е да отидете на ThinkFree Office Write и да го закачите документот, по што ќе ви биде понудена можноста да го едитирате или пак да го споделите со другите корисници.

5. WriteBoard
Одличен и едноставен веб сервис создаден од компанијата 37 Signals, создавачите на популарниот софтвер за проект менаџменет BaseCamp. WriteBoard е бесплатен за користење, а се што треба да направите за да почнете со пишување е да отидете на сајтот и да пополните три полиња. Не нуди опции за форматирање на текстот, но затоа овозможува набрзина да го експортирате напишаното во .txt или .html формат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments