{mosimage}Во недела, на 31.05.2009 се одржа финалето на натпреварот по програмирање CodeFu, организиран од страна на компанијата NetCetera, на кој зедоа учество вкупно 32-цата најдобри кои во финалето се пласираа преку двете претходни онлајн квалификациони рунди. Натпреварот се одржа во интернет клубот Ентернет во Скопје во опуштена и релаксирана атмосфера, но и покрај тоа натпреварувачкиот дух не отсуствуваше.Натпреварувачите имаа 3 часа на располагање за да ги решат 5-те поставени проблеми по што следеше тестирање на резултатите и прогласување на победниците.
Победници беа:
1. Бојан Костадинов
2. Среќко Тороман
3. Игор Кулев
—
4. Васја Павлов
5. Бојана Поповска
Комплетни резултати од финалето овде.
Првите тројца ќе патуваат на европската Јава конференција Jazoon која ќе се одржи во Швајцарија на 22 Јуни.
Во продолжение неколку фотографии од натпреварот (за повеќе фотографии, посетете го нашиот Flickr профил):
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}






