Bing – поразличен и повозбудлив интернет?

во Веб

{mosimage}Bing од денеска е достапен на корисниците. Новиот пребарувач на Microsoft треба да ги помести границите на пребарувањето и тоа од прв поглед му успева. Пребарувањето е лесно, резултатите се подредени во категории кои зависат од што пребарувате. Во секој случај има што да правите не само да кликнете на сајт туку имате куп, тони информации за тоа што го барате. Ако тоа не е доволно почетната страна на Bing носи прекрасни слики преку кои, ако ви се допаднат, ќе можете да ги истражите местата и да научите нешто.

Bing.com е интересен и возбудлив пребарувач. Но, постои проблем – Bing е премногу возбудлив. Доколку побарате "sex" или "porno" на Bing вие ќе добиете резултати како и на било кој пребарувач. Но ако кликнете на видео резултатите тогаш ќе има што да видите. Од садомазо, геј, трипл… секакво порно. И се што треба да направите да го гледате тоа порно е да го изгасите „безбедносното пребарување“. Bing воопшто не бара верификација на годините.

Видеата на Bing се со ауто-плеј, односно стартуваат со ставање на маусот на нив. Ауто-плеј на видеата и не е толку лоша опција, напротив е одлично нешто, но порното не е.

{mosimage}

Постои уште едно интересно нешто околу Bing пребарувачот. Доколку побарате "linux" Bing ќе ви ги даде "linux microsoft", "linux windows" и "linux vista" како втора, трета и четврта сугестија за пребарувањето. Ниту Yahoo!, ниту Google не ги сугерираат овие како првични сугестии. Всушносот "linux microsoft", "linux windows" и "linux vista" не се ни на листата на Yahoo! и Google.

{mosimage}

Пред сé мора да се каже дека Microsoft Bing е во бета фаза и дека пребарувањето и резулатите ќе бидат индексирани според корисничките кликови. Дефинитивно Bing e интересен пребарувач, но има уште да се работи на него.

„За Google да добие сериозен конкурент прво треба корисниците да се отргнат од навиката на пишување на Google.com во адрес барот секогаш кога ќе треба да побараат нешто :) доколку тоа се случи тогаш ќе има сериозна конкуренција.“ искоментира Димитар Велков на претходниот текст кога Bing беше најавен.

Можеби 80 до 100 милиони долари кои Microsoft ги планира за реклами ќе помогнат да се смени свеста на луѓето.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk