Градоначалникот на Њујорк ќе земе плата во биткоин и ќе додаде криптовалути во наставната програма

Градоначалниците на Њујорк и Мајами, Ерик Адамс и Френцис Суарез се натпреваруваат кој е поголем поддржувач на криптовалутите. Двајцата најавија дека својата прва плата во новиот мандат ќе ја примат во биткоин, а г. Адамс отиде и чекор понатаму и најави дека првите три градоначалнички плати ќе му бидат исплатени во крипто-валутa.

Градоначалникот кој ќе ја земе својата плата прв, ќе биде и првиот политичар  во САД кој земал плата во крипто-валути.

Њујорк и Мајами се „натпреваруваат“ кој град ќе биде водечки центар за крипто-валути во САД. Мајами веќе креира miamicoin паметен договор базиран на биткоин кој на корисниците им овозможува да инвестираат во општината. Корисниците на miamicoin би можеле на градот да му донесат дополнителни 60 милиони долари и да го променат начинот на кој се реализираат градските проекти.

Олеснувањето на законите за криптовалути во Мајами придонесоа дел од најголемите финансиски компании Goldman Sachs, SoftBank и Blackstone да ги креираат седишта во Мајами. Дел од компаниите фокусирани на криптовалути како Blockchain.com ги префрлаат и своите седишта во Мајами.

Сепак Њујорк има значителна предност пред Мајами барем кога копањето на крипто-валути е во прашање. Климата во градот и поладното време се попогодни за копање на крипто-валути. Со новиот градоначалник и олеснување на законските рамки Њујорк би можел повторно да стане конкурентен. Дополнително забраната за копање крипто-валути во Кина може да донесе нови копачи во напуштените индустриски капацитети.

Поддршката на новиот градоначалник на Њујорк не е исклучиво за крипто-валутите туку за сите нови технологии.

(Прифаќањето на крипто валути) треба да испрати порака. Живееме во град кој беше Empire State. Сега уништува империи. Имаме премногу бирократија, премногу трошоци, претешко е да имате бизнис. Што вели Ерик Адамс? Да престанеме со културата „што не може да направиме“. Клучно е дека сакам сите иновации и нови технологии да дојдат тука – сајбер безбедност, животни науки (life science), автономни возила, развој на дронови. Ќе притискаме за сè и не се плашиме од неуспех. Вели г. Адамс за NPR.

Во мандатот на г. Адамс фокусот на криптовалутите треба да продолжи со додавање на блокчејн технологијата, но и многу повеќе технологија во образовната програма.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments