Популарната платформа за тргување – Robinhood жртва на онлајн напад

Image courtesy of Robinhood

Имејл адреси на 5 милиони корисници на платформата за тргување Robinhood се украдени во сајбер напад на 3-ти ноември.

Напаѓачот дошол до имејл адресите на 5 милиони корисници на платформата, а за 2 милиони корисници успеал да украде и полно име и презиме. За еден помал дел од 310 корисници напаѓачот дошол и до датум на раѓање и поштенски број. За 10 корисници напаѓачот успеал да дојде и до повеќе информации, иако Robinhood не објаснува за кои податоци станува збор. Компанијата не открива ниту дали некои од овие корисници се таргетирани со овој напад.

Од платформата за тргување објавија дека на веруваат дека напаѓачите успеале да дојдат до почувствителни информации како броеви за социјално осигурување или платежни детали.

„Нашата истрага покажа дека нападот е запрен на време и веруваме дека не се откриени броеви за социјално осигурување, броеви на банкарски сметки или на дебитни картички, и дека нема финансиска загуба за ниеден клиент како резултат на инцидентот“, вели Robinhood на својот блог.

По нападот, напаѓачот ги контактирал претставниците на Robinhood и се обидел да изнуди финансиски средства од компанијата, но тие веднаш се јавиле на надлежните органи на прогонот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Популарната пла&… appeared first on […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk