Минатата недела МВР ја претстави Пази Радар, мобилната апликација за iOS и Android, која ќе ги предупредува возачите за можни радарски контроли. Но, кога беше претставена апликацијата, таа не беше достапна на соодветните пазари. Се до сега. Пази Радар сега може да се симне од Google Play продавницата (поранешен Android Market).
Апликацијата, креирана од Web Factory, користи GPS за да ја открие локацијата на радарските контроли и локацијата на возилото, и го информира возачот кога ќе биде блиску до една од контролите. Возачот може да си намести да добива известувања според километри или метри.
Пази Радар сè уште не е достапна за iOS уредите бидејќи Applе за разлика од Google ги проверува апликациите пред да ги објави на App Store, и за тоа треба време.

Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.