0 коментари 1 мин. читање

Microsoft Mакедонија претстави Facebook апликација која помага да изберете компјутер

ПИК, или Помогни ми да изберам компјутер, е Facebook апликација која функционира како агрегатор на производи од разни македонски продавници за хардвер кои се партнери на Microsoft Македонија.

Покрај споредувањето и преглед на понудените конфигурации на пазарот, ПИК им овозможува на корисниците да наведат потреба за која им треба конфигурација и да добијат совет од другите корисници за кој компјутер би бил најдобар за нив, односно другите му препорачуваат компјутер од тие што се излистани во апликацијата.

Откако некој ќе ве советува и ви препорача конфигурација, другите корисниците ќе можат да гласаат за неа и да искоментираат дали е тој вистинскиот компјутер за вас. Секако ова цело гласање и препораки може да одземе време, но донесувањето на правата одлука е најважна при избирање на компјутер.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top