Kако што се случи со Uber кога го промени своето лого, така и Instagram го дочека новото утро со критики од корисниците. Редизајнот е дискутабилен, иако очекувањата се новото розево, жолто и виолетово лого на Instagram да претставува вовед на иднината на сервисот.

Редизајнирана е и апликацијата, но промените се само козметички. Во новата апликација се променети боите и најмногу зависат од интеракцијата на корисникот, но иако апликацијата делува почисто, истовремено делува и празно.
Нови икони и лого имаат и Layout, Hyperlapse и Boomerang, а ако намерата била да долови што прави апликацијата тогаш редизајнот не е премногу успешен. Instagram има 400 милиони корисници, кои секој ден споделуваат над 80 милиони слики. Со ова платформата е најпопуларна мобилна социјална мрежа за споделување на фотографии, но без сомневање и тие го чувствуваат притисокот на Snapchat и слични видео платформи.







