Пат во Америка

во ИТ.МК

{mosimage}Владина делегација ќе ги посети бизнис форумите во Чикаго и Сан Франциско во САД со намера на воспоставување на бизнис релации со ИТ фирмите на кои ќе им биде преставена климата за инвестирање во Македонија. И двата града се значајни места овие денови. Во Чикаго, Барак Обама новиот претседател на САД го одржа победничкиот говор. Во Сан Франциско се одржа Веб 2.0 самитот чија тема беше „Интернетот се среќава со светот“ каде се зборуваше како да се искористи интернетот за решавање на глобални проблеми.

На 11 ноември во Силиконската долина во Сан Франциско ќе се одржи форумот Македонија – земја на ИТ експерти каде владината делегација ќе ги промовира условите за информатичка технологија во Македонија со фокус на реформите за унапредување на ИТ и образованието.

{mosimage}

„Нашите компаративни предности се високообразован кадар и пониската цена на трудот, кои се предуслов за давање ИТ-услуги на помали растојанија„ рече Иван Митревски, извршен директор во МАСИТ, комора на ИКТ фирмите.

На 14 ноември во Чикаго ќе се одржи форумот Македонија – Новото економско чудо во Европа. На тој форум делегацијата пред стотина преставници на моќни економски компании ќе ги презентира условите за инвестирање во Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk