0 коментари 2 мин. читање

WebMD: Вашиот онлајн доктор

{mosimage}WebMD е амбициозен веб сајт наменет за информации од полето на здравјето и медицината. На сајтот можат да се пронајдат голем број на информации и датабази, последни вести од оваа индустрија, детални написи за болести, превентивни мерки, диети и сл. Една од поинтересните алатки и сервиси кои WebMD.com ги нуди е Symptom Checker (Проверувач на симптоми) со кој ќе можете подобро да ја дијагностицирате болеста и да пронајдете превентивни мерки.

Од голема важност е да напоменеме дека сајтов не е за сериозно дијагностицирање или избегнување на посети на доктор. Бидете внимателни и користете го чисто информативно и не верувајте во се што прочитате, доколку имате посериозни проблеми посетете го вашиот доктор.

Алатката Symptom Checker е достапна на почетната страна и за да почнете да ја користите треба да внесете кратки информации за вашиот пол и за возраста.

{mosimage}

Следно, ќе пристапите до моделиран човек на кој можете да селектирате одреден дел од телото во кој чувствувате болки или непријатности:

{mosimage}

По одбирање на специфичната зона, ќе ви биде дадена листа на симптоми и описи на болките. Тука, можете да селектирате неколку специфични симптоми по што алатката на WebMD ќе се обиде да ја дијагностицира болеста.

{mosimage}

По пронаоѓање на најблиската болест асоцирана со вашите симптоми, ќе ви бидат дадени повеќе детали и информации.

Сајтот иаку е на англиски и е малку тежок за разбирање бидеќи содржи специфични термини, сепак е доста корисен и овозможува лесно достапни информации за вашето здравје.

Кога веќе зборуваме за веб сајтови поврзани со медицината, да не заборавиме да го споменеме и македонскиот сајт MojaMedicina.com.mk кој иаку не содржи веб 2.0 алатки како оние кај WebMD.com, сепак овозможува лесен пристап до информации за вашето здравје на македонски јазик.

{mosimage}

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top