{mosimage}Израелско-палестинската компанија која развива бесплатен „виртуелен компјутер“ ќе го интергрира и Twitter во нивниот онлајн базиран оперативен систем. G.ho.st со нивниот веб ОС им даваат шанса на корисниците да користат голем број на апликации интегрирани во системот, кој се уште е во бета фаза.
Меѓу нив се Google Doc, Zoho, ThinkFree, Zimbra, Meebo. Тој виртуелен компјутер има 5 ГБ простор кој служи како хард диск и 3 ГБ за е-мајловите и може да се користи преку Firefox, Safari, Internet Explorer, a набргу и со Opera и Chrome.
Виртуелниот компјутер на G.ho.st, компанија креирана во 2006 година, го имаат тестирано скоро 10.000 луѓе. Проблемот за системот кој се уште е во бета фаза е што се чека 1 минута да се влезе во системот. Нивната цел е да влезе за 10 секунди. Сега на системот се додаваат популарните апликации како Тwitter и Friendfeed.
{mosimage}
Неверојатната компанија е формирана во 2006 година и како главен потик за развој на овој виртуелен компјутер се децата, студентите и сите млади луѓе кои живеат во Израел и Палестина. За тие што незнаат Израел и Палестина се во вечен рат поради земјиште и двата народи се оделени со огромни ѕидови, бодликава жица и војници.






