Една од целите на Facebook е да ви претстави приказни за вас и вашите пријатели. Timeline е очигледниот пример за како се креира дигитален идентитет, но тука недостасуваат пријателите и приказните. Затоа друштвената мрежа ја стартува Paper за iOS, нова апликација која е наменета за читање на приказни, вести и разни стории од пријателите или од страните што ги пратите.
Paper наликува на Flipboard и другите дигитални магазини кои им даваат смисла на сите постирани содржини на Facebook, сортирајќи ги според важност, односно колку им се допаднале на другите, или според теми и интереси. Поради новиот дизајн, во кој се скриени сите копчиња за споделување и лајкнување во корист на читање на цел екран, Paper ќе понуди подобро Facebook искуство. Идејата е да го прелистувате Newsfeed-от како да сте отвориле весник на вашиот мобилен телефон.
За жал, Paper ќе биде достапна од 3-ти февруари, но само за корисниците на iOS во САД. Нема најава кога ќе биде пуштена за другите земји, ниту кога ќе има Android верзија.
[youtube]IhrbT9O6kW8[/youtube]







