Uber, Airbnb и Alibaba се првите компании на кои помислуваме кога некој спомнува стартап. Секако, Европа е далеку од САД кој предничи пред сите кога се во прашање стартапи и технички компании; Кина сега започнува да го освојува светот, но дали знаете кои се најголемите стартапи во Европа?
Најуспешни региони во Европа се Британија и Скандинавија. Во Британија е најголемата вкупна вредност на стартапи, а во Скандинавија се највредните компании. Можеби претпоставувате, највреден стартап во Европа е шведскиот гигант за стримање на музика, Spotify. Вредноста на компанијата се проценува на околу 16 милијарди евра.
Spotify
Највредниот европски стартап истовремено е и највредниот стартап за стриминг во светот. Spotify е еден од само 3 стартапи од Европа чија вредност е проценета на над 10 милијарди долари. Седиштето на Spotify е во Шведска, а стартапот официјално започна со работа на 7 октомври 2008 година.

Компанијата овозможува стрим на музика во неколку нивоа. Од бесплатно кое може да го следат сите корисници, до премиум кое е достапно единствено за претплатниците. Дополнително, квалитеот на стримингот за овие претплатници е подобар.
Zalando
Германската онлајн продавница Zalando е уште еден европски стартап проценет на над 10 милијарди долари. Компанијата е од Германија и започна со работа 2008 година. Денес продавницата е распростанета во речиси сите држави кои се дел од единствениот европски дигитален пазар.

Стартапот е лоциран во Берлин, но и оваа компанија е со мнозинска сопственост од Шведска; 33% од продавницата е во сопственост на Kinnevik.
Supercell
Компанијата Supercell развива видеоигри за паметни телефони и мобилни платформи. Supercell доаѓа од Хелсинки, Финска. Најверојатно веќе знаете некоја игра од компанијата како Hay Day, Clash of Clans, Boom Beach и Clash Royale кои се дел од игрите развиени од ова студио.

Ова е последната компанија на листата чија вредност е проценета на над 10 милијарди долари. Мнозински сопственик на компанијата е кинескиот гигант Tencent кој поседува 84% од компанијата.
Shazam
Shazam Entertainment Ltd. е британска компанија која креираше апликација за препознавање на песни. Апликациајта беше достапна на повеќе оперативни системи.

Од декември 2017 година, Shazam е дел од Apple и компанијата најверојатно ќе ја интегрира технологијата во Apple Music и Siri.
Mojang
Најверојатно ниту една листа не може да биде комплетна без една од најпопуларните игри. Креаторите и компанијата на Minecraft, без главниот развивач и авторот на играта, сега се дел од Microsoft. Компанијтата е лоцирана во Стокхолм, Шведска. Во 2014 година за 2.5 милијарди евра играта креирана од еден човек Марку Персон, е продадена на Microsoft.
Skype
Најверојатно нема никаква специјална потреба за претставување на финскиот стартап кој стои зад една од најпопуларните алатки за комуникација.

Во 2005 година компанијата стана дел од eBay за 2.6 милијарди долари. Од 2011 година компанијата е дел од Microsoft за 8.5 милијарди долари. Развојниот тим на Skype е во Талин, Естонија.