Украдени рекордни 532 милиони долари од берза на криптовалути во Јапонија

Најголемата берза на крипто валута во Јапонија, Coincheck, е жртва на хакерски напад. Во нападот се украдени рекордни 523 милиони NEM. Вредноста на украдената крипто валута е 58 милијарди јени, или 534 милиони долари, јави BBC. Со кражбата се зафатени 260 000 корисници на берзата. Средствата кои се украдени се над 100 милиони долари повисоки од претходниот рекорден напад на MtGox.

Нападот е откриен во петок, минатата недела. Веднаш е запрено тргувањето со крипто валути на берзата. Според вестите кои ги сподели Coindesk, украдена е NEM крипто валута, а останатите се безбедни.

Сите средства од Coincheck се украдени во период од неколку часа. Хакерите ја пробиле заштитата во 2:57 часот, а нападот е откриен и тргувањето е запрено во 11:25 часот. Kрипто валутите се следат и можеби во целост ќе бидат вратени. На откривањето на локацијата и на напаѓачите Coincheck соработува со јапонската полиција и Агенцијата за финансиско работење.

„Знаеме каде се испратени средствата. Ги следиме и ако успееме да го продолжиме следењето ќе успееме да ги вратиме“, вели Исуке Отсука од Coincheck.

Добра вест за корисниците е дека Coincheck вети дека ќе врати 90% од украдените крипто валути. Во моментов валутата се наоѓа во таканаречен „hot wallet“, ова значи дека токените сè уште се онлајн и не се тргнати и заклучени на некој диск.

Coincheck е десетта берза по големина. Веста за хакерскиот напад влијаеше на цената на Bitcoin и Ripple. Во петокот bitcoin забележа пад од 3,4%, а Ripple пад од 9,9%.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Јапонска финансиска агенција најави дека ќе воведе построги критериуми кога е во прашање тргувањето со криптовалути. Со оглед на тоа дека постоеше опасност и да забранат тргување со криптовалути, новата промена е добра вест за сите. Јапонија досега имаше проблеми со пробивање на заштитата и крадење на крипо валути. Причина за построгите мeрки секако е Coincheck, од берзата на почетокот на годината беа украдени над 530 милиони долари во криптовалути. […]