Ова се 16-те финалисти на стартап натпреварот на The Next Web Conference Europe 2013

во ИТ.ЕУ, Статии

Конференцијата на The Next Web е една од најголемите ИТ конференции во Европа. Доколку успеете да бидете нејзин посетител на 25-ти и 26-ти април ќе чуете куп предавања од влијателни луѓе во индустријата, но и ќе видите одлични стартапи кои ќе застанат пред инвеститорите продавајќи им ја својата идеја, која со финансиска инекција може да се претвори во следниот Foursquare, Twitter, па дури и Google.

Во пресрет на конференцијата, TNW ги објави сите 16 финалисти кои доаѓаат од Европа, освен четирите кои доаѓаат од Израел и САД. Овие стартапи се најдобрите стартапи во моментот, некои веќе етаблирани, некои уште работат на својата бета верзија, а има и некои од регионов. Еве ја листата на финалистите:

  • Drippler oд Израел е мобилна апликација со која го „искористувате најдоброто од вашиот Android телефон“, односно ви помага да добивате персонализирани вести, софтверски надоградби, рецензии и препораки за апликации и совети.
  • Guide oд САД e aпликација која ги претвара онлајн вестите во ТВ вести, при тоа користејќи роботи наместо телевизиски водители.

[youtube]E-7BvZnLtfM[/youtube]

  • Hubskip од Холандија, е стартап кој ви преопрачува интересни туристички локации според ваши интерес, и ви наоѓа и најдобри цени за летовите до таму.
  • Itembase од Германија е стартап кој ви овозможува полесно да продавате ваши работи кои ви се мотаат по дома, а ви се непотребни, и да си ги организирате сметките од продажбите
  • Кompany од Австрија е стартап кој ги верификува интернационалните бизниси, така да знаете дека соработувате со вистинска компанија.
  • Infogr.am од Латвија е веб базиран стартап кој ви помага полесно да направите инфографици и други визуелизации на податоци, дури и ако немате никакво знаење за дизајнот.
  • Monolith e креиран во Хрватска, a сега e дел од естонскиот инкубатор Wise Guys. Стартапот има креирано хардвер со проширена реалност кој претставува продукти веднаш пред вас. Пример, ако отидете во бутик, Monolith ќе ви покаже како изгледа гардеробата на вас без да ја пробате.
  • Marfeel од Шпанија e стартап кој автоматски претвара веб сајтови во апликации за таблет компјутери и паметен телефон.
  • Nine Connections од Холандија предвидува што ќе биде споделувано на Twitter. Стартапот наоѓа креативна содржина да ја споделите со вашата публика. Целта е публиката да ја споделува содржината, и така да го претстави брендот.

  • Nutrino од Израел е „прв светски виртуелен нутриционист“. Стартапот користи персонализирани планови и медицински профили за да ви помогне да го зачувате здравјето.
  • Peerreach од Холандија ги споредува вашите интереси со други луѓе на друштвените мрежи, и ги организира според тоа колку се тие слични на вас.
  • PoweredNow од Велика Британија е платформа за електричари, градежници, водоинсталатери и други слични услуга, да можат полесно да со го менаџираат бизнисот.

  • Sush.io oд Франција е стартап кој претвара сурови финансиски податоци во визуелно искуство за бизнисите.
  • Swipe од Норвешка е алатка за презентации во реално време. Со стартапот може да се креираат интерактивни презентации за било кој екран.
  • Tyba од Шпанија е бизнис стартап кој ги поврзува младите таленти со компаниите за пракси и вработување.
  • Zeppelin од САД ги собира податоците од разните мрежи и ги презентира на едно место за полесно менаџирање на компанијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments