0 коментари 2 мин. читање 4 април, 2013

Калифорнија ќе воведе закон за онлајн приватност по европски терк

На барање на Electronic Frontier Foundation и American Civil Liberties Union, наскоро Калифорниа може да добие одредба за приватност по европските теркови, вели ZDNet. Иницијативате е во калифорниското собрание и се расправа по неа на барање на пратеникот Бони Ловентал. Таа подразбира дека секоја компанија во рок од 30 дена ќе мора да одговори на барањата на корисниците и да им кажат со кого ги споделувале корисничките податоци. Доколку одбијат граѓаните можат да поднесат граѓанска тужба против компанијата, која ќе треба по судски пат да ги примора компаниите да ги предадат документите.

Ова ќе овозможи сите засегнати граѓани да може да се информираат како се споделуваат нивните податоци. Законот подразбира дека компаниите доколку не сакаат да ги споделат овие податоци може да ги избришат или да ги  отстранат податоците за лицата од кои се земени. Исто така компаниите можат да одберат да не издаваат податоци по индивидуални барања, туку наеднаш ќе објават кои податоци ќе бидат споделувани и до кои клиенти. Со цел да не се заглават компаниите во издавање на податоци, тие се обврзани секој корисник да го известат еднаш годишно за споделувањата.

Иако Калифорниа е една од државите кој најлесно прифаќаат важни измени, овојпат се очекува и спротивставувањата од Силициумската долина. Поднесувачите на иницијативата се плашат дека ќе имаат спротивставуање од ИТ гигантите, кои се „борат“ и со одлуките на Eвропската Комисија која сепак е далеку од нивниот дофат.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top