0 коментари 1 мин. читање

Ова е првата фотографија направена без раце со Google Project Glass наочарите

Инжинерот на Google, Себастиан Трун ја сподели првата фотографија направена со научно-фантастичните наочари на Google. На фотографијата е синот на г. Трун, и, како што може да се види, е направена без користење на рацето, само со Project Glass наочарите кои сликаат со едноставно движење на главата.

Наочарите на Google користат проширена реалност, односно додаваат слој на информации на реалноста која ја гледате пред вас преку камера закачена на мал екран на наочарите. Кога беа претставени, првото прашање на кое помислија сите е дали може да имаат подобар дизајн, бидејќи изгледаат лошо, и поважно, дали се практични? Тогаш ко-основачот на Google, Сергеј Брин и многу други високи инжинери се појавија јавно демонстрирајжи ги наочарите, но што гледаа, знаат само тие.

Google Project Glass во моментов останува да биде само проект, и сигурно нема да бидат пуштени во продажба барем не за година-две. Тоа што знаеме за нив е само од демото и, како што покажа фотографијата на инжинерот Трун, можно е да се фотографира без користење на рацето.

[youtube]FzpCcJ8sXik[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top