Српската Top Eleven го слави вториот роденден со четирите милиони играчи

Малкумина би поверувале дека Facebook игра на српски стартап ќе може да биде подобра од игра на гигант како Electronic Arts, посебно кога се работи за спортски игри. Но, Nordoes, прогласен за најдобрo европско гејминг студио со 60 вработени под 30 години успеа со својата Top Eleven Football Manager да покаже дека со добра идеја, добра заедница и добро воден бизнис може да се биде конкурентен и исклучително успешен.

Тоа што е уште поипресивно е што Top Eleven е игра стартувана пред само две години, и веќе успеа да привлече 4 милиони корисници месечно, односно 1,35 милиони активни корисници дневно, што е пораст за 350.000 нови играчи по само неколку месеци.

Од при крајот на 2011-та играта доби Android и iPhone верзија.

[youtube]a9NWz1Ty-qE[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајанчо
Трајанчо
9 years ago

Незнам само од каде мислењето дека „малкумина би поверувале“.