Иако речиси сите подзаборавивме на Internet Explorer, Microsoft сè уште не е спремен да се откаже од својот прелистувач. Компанијата работи на изменеta верзија на својот Internet Explorer 9 кој ќе може да се користи на Xbox 360 конзолата, пишува Verge.
Иако и моментално е достапна опција за гласовно пребарување (Bing), IE ќе има целосно активирање на прелистувачот за конзолата. За функционалноста би требало да допринесе и xBox контролерот, Kinect со чија помош ќе може полесно да прелистувате од конзолата. Иако Kinect и не е неопходен за управување, комбинацијата од гласовни команди и гестикулации секако ќе го направи бирањето позабавно.
Од Microsoft сè уште нема најавен период за најрано интегрирање на Xbox, Bing, Internet Explorer 9 и Kinect, а се очекува првата презентација да ја покажат на годинешниот Е3 од 5-7 jуни.
Друга добра вест за Xbox, е што Minecraft за оваа конзола е најпродаваната игра за Xbox Live Arcade услугата во еден ден со повеќе од 400.000 продажби. Според Microsoft и дизајнерот Маркус Персон, играте за еден час целосно ги покрила трошоците за развој.