Ова е една поинаква, но и поинтересна Wikipedia

во Веб

Решени да ја направат поатрактивна веќе здодевната онлајн енциклопедија, креативната агенција New! претстави нов дизајн концепт за како треба да изгледа модерна Wikipediа, со ново лого и поедноставен, но пофункционален и поразбирлив кориснички интерфејс.

„Замислите да ви дадат магична моќ да промените било кој сајт од целиот свет на начин како што вам ви се допаѓа, да го направите подобар, пофункционален, покорисен, подобро да изгледа. Кој сајт би го одбрале?“, прашува New! на својот блог пост.

Агенцијата работеше два месеци на редизајнот т.е. на Wikipedia Redefined концептот и започна со промена на логото на Wikipedia во едно стилско напишано W, наместо цел глобус со букви. Насловната страна би била дизајнирана со огромно поле за пребарување бидејќи целта на таа страна е да се дојде до информации, за разлика од сегашнава која е „претрупана со избор на јазици“.

Додадени се и неколку табови кои ги содржат клучните опции на Wikipedia. Во суштина енциклопедијата има две функционалности, да се читаат информации и да се придонесува. Сето друго е споредно, но тоа не значи дека сите овие опции не треба да се истакнати во менија веднаш до едноставното W лого.

Ви се допаѓа концептот? Што би вие промениле на енциклопедијата?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk