Интервју со Сања Митровска: Втората сезона на The Founder Games ќе биде од поголеми размери

Photo credits: The Founder Games

The Founder Games е првото реално шоу за стартапи во светот кое што воедно е и акселераторска програма. Ова шоу трае 6 месеци и има за цел да го прикаже патот на еден стартап од идеја до бизнис на глобално ниво.

Голем дел од стартапите денес прво започнуваат локално, па потоа со тек на време се шират глобално. Додека пак, акцентот на ова шоу е размислувањето и развивањето на стартапот да биде глобално уште од првиот ден.

Основач на ова шоу со уникатен концепт е Сања Митровска. Покрај The Founder Games, таа е основач и на компанијата Networker, чија мисија е да ги направи претприемачките несекојдневни идеи реалност.

The Founder Games успешно ја реализираше првата сезона, а резултатите од истата ги надминаа очекувањата

Во пресрет на втората сезона, тимот на IT.mk разговараше со Сања Митровска, која пак ни откри многу интересни детали во врска со втората сезона на The Founder Games.

Photo credits: The Founder Games


Сања Митровска: Идејата за The Founder Games произлезе од потребата да го трансформираме начинот на размислување на претприемачите во регионот. Често гледаме иновации кои се успешни само локално, но се плашиме да размислуваме глобално уште од ден еден. Сакам да го пробиеме тој „glass ceiling“ на ниски очекувања, на ставот „И од Македонија се може“. Овој став, всушност, укажува дека нешто ни недостасува.

Верувам дека единственото нешто што недостасува е да ги замениме тие ментални бариери со глобална амбиција. Како да создадеме идеи што ќе влијаат врз светот, а не само врз нашиот двор.

The Founder Games не е само натпревар, туку е алатка за оваа промена. Преку менторство со луѓе кои веќе изградиле глобални бизниси и покажале што значи да размислуваш глобално и преку шоуто што го документира ова патување, ние создаваме пример што инспирира. Успешната приказна е најдобриот начин да влијаеш врз следните генерации претприемачи.

Оваа година опфаќаме 13 држави и 40 стартапи, а менторите и жирито се луѓе кои работеле со светски гиганти како Volvo, Facebook, Shark Tank, Intel и многу други. Наша цел е не само да најдеме и поддржиме иновации, туку и да го покажеме процесот кој стои зад успехот, за секој да научи како изгледа патот до врвот.

Какви се импресиите од првата сезона и дали резултатите од неа ги задоволија очекувањата?


Првата сезона на The Founder Games беше како еден голем експеримент, но и вистински доказ дека нашата визија има моќ, реализирајќи гледанот од над 2 милиони минути на Youtube и 3000 претплатници само од Македонија. Ова не само што ги надмина нашите очекувања, туку покажа дека приказната на стартапите има огромен потенцијал да инспирира кога ќе и се даде вистинската поддршка.

Најголем успех? Тимот победник, кој не само што освои финансиска поддршка, туку и доби шанса да отпатува за Сан Франциско, каде ги отвори вратите за глобални инвестиции и партнери. Тоа беше вистински момент кога видовме дека нашата мисија – да ги поврземе локалните стартапи со светски можности – функционира.

Покрај ова, добивме одлични фидбеци и од стартапите и од менторите. Менторите постојано нагласуваа дека стартапите во регионот имаат свежи идеи и страст, а стартапите ги опишаа менторските сесии како „пресвртни моменти“ за нивниот бизнис.

Но, она што најмногу ми остави впечаток е енергијата на самите учесници. Нивната решителност, желба да учат, но и нивниот хумор и тимска динамика беа инспирација за сите нас кои работиме на овој проект.

Дали постигнавме сè? Не, ова е само почеток. Првата сезона беше вовед, но во втората сезона одиме уште подалеку – повеќе држави, повеќе стартапи и уште поголеми можности.
Photo credits: The Founder Games

Патувавте во Сан Франциско со победничкиот тим, опишете го ова искуство со една реченица.


Сан Франциско беше патување каде победничкиот тим имаше можност да ги посети истражувачките центри на Стенфорд и Беркли, отворајќи им нови перспективи за нивната био-кожа од комбуха и покажувајќи дека пристапот до водечки научни институции е понекогаш поважен од самата инвестиција.

Успеа ли некој од стартапите што учествуваа во првата сезона да прерасне во реален бизнис?


Да, победничкиот тим продолжи да расте и да создава нови можности, вклучително и започна преговори за партнерства со истражувачки центри во Америка, кадешто би ја добиле потребната поддршка за нивниот специфичен производ.

Но, не е само победничкиот тим – неколку други стартапи од првата сезона реализираа приходи и добија поддршка благодарение на мрежата што ја создадовме преку програмата. Она што е најважно е дека сите тие сега размислуваат глобално, ја препознаваат вредноста на менторството и нетворкингот, и се подобро подготвени за инвеститори. Тоа за нас е најголемата победа.

Кога е предвиден стартот на втората сезона и дали ќе има некои измени во концептот и правилата?


Втората сезона на The Founder Games започнува во јануари 2024, и оваа година носиме уште поамбициозен концепт. Проширивме на 13 држави со вкупно 40 стартапи кои ќе имаат можност да се натпреваруваат. Рокот за аплицирање на стартапи за програмата е до 15.12.2024.

Што е ново?

Посилен фокус на глобални пазари: Програмата сега вклучува ментори кои имаат искуство со големи брендови како Facebook, Volvo, Intel и Shark Tank, за да им помогнат на стартапите да размислуваат глобално од самиот почеток.
Повеќе можности за нетворкинг: Воведуваме регионални настани за вмрежување, каде стартапите ќе имаат можност да се сретнат со локални и интернационални инвеститори.
Поголем награден фонд: Финансиската поддршка за најдобрите стартапи е зголемена, што ќе им помогне не само да започнат, туку и да растат побрзо.
Реално шоу на друго ниво: Оваа сезона ќе се снима во повеќе држави, а содржината ќе биде достапна на популација од над 100 милиони луѓе.

Правилата остануваат исти во однос на елиминациите, но оваа година ќе има повеќе фокус на реалниот прогрес на стартапите помеѓу елиминационите кругови. Очекуваме сезона со уште повеќе возбуда и инспирација.

Кој може да учествува во The Founder Games и која е постапката за пријавување?


The Founder Games повикот е отворен за апликации за сите стартапи до 15.12.2024 кои имаат иновација и визија за глобално влијание. Оваа година, програмата е проширена на 13 држави, така што можат да се пријават стартапи од целиот Балкан, вклучувајќи ги Северна Македонија, Србија, Хрватска, Романија, Турција, Грција, Албанија, Бугарија, Косово и уште неколку држави од регионот.

Критериуми за учество:
– Стартапите треба да имаат иновација која може да се примени на глобалните пазари.
– Тим со барем двајца членови и со јасно дефинирана визија за развој.
– Готов прототип, производ или услуга што може да се демонстрира.

Како да се пријавите:
1. Одете на нашата веб-страница: www.foundergames.com
2. Пополнете ја формата за пријавување со сите релевантни податоци за вашиот стартап.
3. Очекувајте потврда за учество и понатамошни инструкции за натпреварот.

The Founder Games е шанса не само да добиете инвестиција, туку и да стекнете искуства, знаења и менторство што може да го промени текот на вашиот стартап. Ова не е само натпревар, туку и можност да бидете дел од глобалната стартап сцена.
Победничкиот тим од првата сезона / Photo credits: The Founder Games

Млади сте, амбициозни и имате идеја. Но, сѐ уште се немате пријавено? Финалниот датум за апликации се затвора за само неколку дена! 

Побрзајте, можеби токму вашата идеја ќе го промени светот :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments