Во оние ситуации кога не можете да се сетите како се вика некое уметничко дело, би можеле да пробате приближно да го нацртате, а вештачката интелигенција да процени и да извлече слика и податоци за делото. Ова е примарниот фокус на најновиот проект од кујната на Google Arts & Culture.
Draw to Art ги користи вашите (примитивни) цртежи за да открие слики, цртежи, но и скулптури. Финалниот производ е резултат на комплексно машинско учење, а за да дојдете до него, потребно е да одберете одредени геометриски облици и да започнете со цртање. Штом завршите со тоа, ќе добиете стотици слики кои имаат одредени допирни точки со нацртаното. Директно кликнување на името под сликата открива дополнителни детали.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







