0 коментари 1 мин. читање

Apple Watch 6 во рацете на iFixit

Apple Watch 6 е најновата верзија на паметниот часовник на Apple, iFixit неодамна го презентира часовникот на препознатлив начин. Секако ова значи отворање и детално разгледување на хардверот.

Во новиот часовник нема никакво изненадување, со исклучок на тоа колку е лесно да се сервисира. Apple Watch 6 доби оценка 6 од 10, иако станува збор за минијатурен уред со минијатурна електроника.

Што се однесува до хардверот, тука нема никакви изненадувања. Станува збор за идентичен уред со претходникот (Аpple Watch 5). Додадени се нови сензор за сатурација со кислород, нов екран и нов S6 процесор.

Часовникот на Apple е најпопуларен уред во оваа категорија и еден од најпопуларните фитнес додатоци воопшто. Apple постојано го надградува и додава нови функционалности, па популарноста на часовникот не е изненадување.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top