16 коментари 3 мин. читање

Онлајн .mk продавници

Но… од другата страна гледаме се повеќе онлајн .mk продавници, сајтови за наддавање и размена на продукти како и разни веб сервиси за објавување огласи.

Затоа да го промовираме овој аспект на користењето на интернет т.е да го поттикнеме развојот на онлајн економијата направивме кратка листа на веб продавници, сајтови за огласи и други слични сајтови… Бидејќи не ги знам сите сајтови, сигурно изоставив некој, слободно напишете во коментарите подолу. (btw лично немам купувано од овие продавници така да не знам каква е услугата, но доколку сте купиле нешто сподели го искуството во коментарите подолу)

Pazar3 – огласи

Pazar3 е сајт за бесплатни огласи. Купувам, продавам, разменувам… Според Pazar3 дневно се објавуваат по 600 огласи и имаат по 10.000 посети. Значи се што сакате има на овој сајт.

Што се однесува до приватноста, најголем пропуст е што самите корисници објавуваат број на телефон и други податоци на јавен сајт, но постои контакт преку имејл доколку не сакате да бидете јавно објавени.

ТC.mk – онлајн трговски центар

TC.mk е сајт за интернет трговија налик на трговски. Тоа значи покрај стандардното купување можете да си поставите продавница. Едноставно се регистрирате и TC.mk ви нуди јавно место за продавање на вашите продукти.

Сајтот нуди и одличен интерфејс за преглед на производот заедно со листа од слични производи, рејтинг и коментари од корисниците, како и можност за споделување на продуктот на Facebook или Twitter.

Doma.com.mk – онлајн продавница и испорака

Doma.com.mk освен што е класична веб продавница нуди можност за нарачување на артикли и испорака на истите до вашиот дом. Испораката може да биде најмалку 500 денари, а чини 100 денари. Не е лошо за седење дома и нарачување прехранбени производи.

Kupi.se – онлајн продавница за бела техника

На Kupi.se можете да најдете технологија, уреди, компјутери, лаптопи, радио за автомобили… Како и секоја веб продавница покрај производот кој го разгледување Kupi.se ви нуди и слични производи како и можност да коментирате.

Step.mk – онлајн продавница

Step.mk е интересна продавница која дури продава и билети за концерти и книги, покрај разните производи. За да купувате ќе мора да бидете регистрирани, а Step.mk вели дека корисничките податоци се заштитени според Законот за заштита на лични податоци.

Exquisite.mk – онлајн продавница

Exquisite.mk или ex.mk нуди производи за домот од поклони до столчиња и фитнес направи. Продавницата нуди и испорака, и што е најважно нуди можност да продавате ваш продукт преку онлајн продавницата.

Megastore.com.mk

Megastore е класична онлајн продавница со се и сешто,а која се разликува од останатите што има Skype профил на сајтот па доколку имате прашања ќе можете да разговарата со луѓето веднаш. Skype е навистина интересно решение. Исто така наплаќа за испораката зависно од тежината на истата.

Emimedia.mk

Emimedia e ИТ продавница. Можете да најдете од принтери до глучиња, од веб камери до Wi-Fi рутери. Emimedia има доста интересна и јасна секција со кој објаснува за купување и испорака на производите.

TopShop.com.mk – онлајн нарачка

TopShop e познато име кое сте го виделе на телевизор така да верувам дека знаете кои продукти се продаваат. Нивната онлајн продавница нуди можност да нарачате продукти т.е откако при нарачувањето на продуктот, го оставате телефонски број и TopShop ви се јавува и ви го испорачува продуктот дома. Плаќањето е после испораката.

Unikatno.com.mk – рачно изработени продукти

Unikatno е онлајн продавница за рачно изработени продукти. Продавницата нуди и можност вие да продавате свои продукти. Kога ќе купите продукт од Unikatno.com.mk тие вршат испорака до вашиот дом. Плаќањето е после испораката.

Cenovnik.mk – онлајн ИТ продавница

Cenovnik.mk e онлајн продавница за компјутерска опрема кој наплаќа со фактури или се плаќа при подигање на продуктот.

Shopping.tim.com.mk – онлајн продавница

Shopping.tim.com.mk e онлајн продавница за алкохолни пијалоци и козметика. Продавницата
врши испорака на производите.

Oglasuva.me – онлајн огласи

Oglasuva.me е сајт за објавување бесплатни огласи. Сајтот нуди и интересна опција за тагирање на недвижности на мапа, како и да го споделите огласот на некоја друштвена мрежа.

Za1denar.com.mk – онлајн аукција

za1denar.com.mk е онлајн аукција на разни производи кои можете да ги добиете по ниски цени доколку бидете последен при аукцијата.

TikTak.me – онлајн аукција

TikTak е исто сајт за онлајн аукција сличен како za1denar.com.mk. Сајтот нуди и опција веднаш да купите продукт доколку ви се допадне цената.

3maks.com

3maks.com e продавница за карти од секој вид. Имате глобуси, планови на градови, мапи… покрај тоа имате и канцелариски и школски прибор, списанија. Можете да си побарата и изработка на мапи, патни атласи и туристички водичи. Сајтот овозможува и плаќање преку кредитни картички.

Доколку знаете други онлајн .mk продавници напишете ни во коментарите. Доколку имате искуство, позитивно или негативно, со купување од продавниците слободно го споделите.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

16 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top