Македонија со најскап интернет на Балканот

во ИТ.МК

{mosimage} Од балканските земји Македонија има поефтин интернет само од Албанија, покажува истражувањето на Интернационалната Телекомуникациска Унија (ITU). Тоа што е позитивно е што за интернет во 2009 година плаќаме помалку одошто сме плаќање во 2008 година.

„Поефтините цени можат да го зголемат интернет пристапот и користењето, а високиот развој на ИКТ може да ги намали цените, според економската скала. Зголемената либерализација на пазарот и конкурентноста води кон поефтини цени што води кон поразвиена информатичко-комуникациска технологија.“ пишува во извештајот на ITU.

Според развојот Македонија се најде на 51-то место на ИКТ развојот, што е напредок од 63-то место во 2007 година. Најголемиот развој се уште доаѓа од мобилната технологија.

„Македонија беше многу активна во промовирање на аспектите на информатичкото општество.“ пишува во посебниот дел (box2.6) од извештајот посветен на Македонија во кој се наведува дека владате инвестирала во „ИТ културата“ нудејќи стипендии за талентирани студенти и бесплатни интернет клубови.

{mosimage}

Според извештајот „Measuring the Information Society 2010“ најголем пад на цените ширум светот забележува широкопојасниот интернет, кој станува се подостапен и за не-толку развиените земји, но сепак цените сé се уште скапи во споредба со мобилните или фиксната телефонија.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk