{mosimage} Во сегашниот буџет не се предвидени средства за студентстки ваучери, рече министерот за информатичка технологија Иво Ивановски. Но иако со изјавата потврди дека нема да има ваучери, сепак министерот за Сител рече дека постои можност со ребаланс на буџетот да останат некои 2.5 милиони евра кои ќе се наменат за апсолвенти.
Што се однесува на студентите тие го изразија своето незадоволство, некои на нашиот форум, а други пак формирајќи две групи на Facebook со по 3.800 члена, односно 8.000 револтирани члена повикувајќи на протести и барајќи „поголем буџет за високото образование“.
Претходните 2 години околу 25.000 апсолвенти добија вредносни ваучери од 15.000 денари.
{mosimage}
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






