0 коментари 4 мин. читање 17 октомври, 2024

Онлајн дебата за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар ја најави онлајн дебатата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“, која ќе се одржи на 21 октомври 2024 година (понеделник) со почеток од 12 часот на платформата ЗООМ. 

Настанот е дел од иницијативата за поддршка на граѓанските организации преку имплементација на дигитални алатки и иновации со цел зголемување на нивната ефикасност, транспарентност и влијание.

Целта на дебатата е да отвори дискусија за важноста на дигитализацијата и да ги претстави начините на кои организациите можат да ги применат дигиталните алатки за подобрување на своето работење. 

Учесниците ќе имаат можност да слушнат успешни примери за дигитална трансформација во јавниот и граѓанскиот сектор, како и да научат за социјални иновации кои значително го зголемиле влијанието на организациите во Македонија.

АГЕНДА

12:00/12:15Отворање на настанот
Валентина Величковска, извршна директорка, Граѓански ресурсен центар
Анита Гаговска Тренчевска – регионален експерт за југозападен плански регион во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”
12:15/13:00Улогата на вештачката интелигенција во подобрување на граѓанското учество и креирањето политики во дигиталната ера
Проф. Д-р Горан Шибаковски, Декан на Факултетот за Применети ИТ, УИНТ Св. Апостол Павле Охрид

Примена на вештачката интелигенција за подобрување на општественото влијание
Проф. Д-р Александар Карадимче, Декан на Факултетот за информатички и комуникациски науки, УИНТ Св. Апостол Павле Охрид

ИТ решенија и социјални иновации во корист на зголемување на импактот и одржливоста на граѓанските организации
Проф. Д-р Моника Марковска, Факултет за информатички и комуникациски технологии, Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и претседателка на Здружението за социјални иновации ВР Лаб Битола

Успешни примери за дигитална трансформација и влијание
М-р Атанас Гоџоски, Директор на Ангор АГ, ИТ компанија

Подобрување на продуктивноста преку дигитални алатки (споделување на пример: Aqtos)
– Дамјан Дано, консултант за дигитална трансформација и основач на Aqtos и IWM Network

Фацилитатор: Анита Гаговска Тренчевска – регионален експерт за југозападен плански регион во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”
13:00/13:30Дискусија

Оваа дебата е одлична можност за граѓанските организации да научат како дигитализацијата може да ги подобри нивните процеси и да овозможи поголемо влијание во заедницата. Се покануваат сите заинтересирани да учествуваат и да придонесат со своите прашања и идеи за дигитална трансформација.

Пријавените учесници ќе добијат линк преку имејл порака за да се вклучат на онлајн настанот.

Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. 

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top