OLGA e македонска игра која ни доаѓа од одамна-докажаните македонски девелопери Workbench Entertainment, најдобро познати по нивната хорор игра – Wounded. Olga е епизодна наративна walking simulator игра во прво лице, која нè поканува да ги преживееме спомените од детството на Олга додека го посетува домот на нејзините баба и дедо во Беловодица. Ова изолирано планинско село крие откритија кои траат цел живот, а играта ја истражува носталгијата, мистеријата и заборавените катчиња на македонското село. Со цел да дознаеме повеќе за инспирацијата, предизвиците и иднината на овој ветувачки проект, разговаравме со креативниот тим зад играта.
OLGA веќе се одликува со демо, доколку сакате да проверите дали е ова игра за вас.
Нашата дигитална средба започна со наједноставното, но можеби и најважното прашање – од каде потекна идејата за ваква игра?
Која беше вашата инспирација за играта? Дали тоа беше одредена приказна, лично сеќавање или желбата да се долови чувството на македонско село?
„Да, главната инспирација за OLGA дојде од желбата да се долови чувството на македонските села, но не преку клише приказни, туку преку интимна, тивка атмосфера која сите ја паметиме од детството“, започнува нашиот соговорник. „Сакавме да создадеме чувство што ќе мириса на стара дрвена куќа, ќе звучи како чекори на земјената патека и ќе те потсети на есенските ноќи кога сè е мирно, но некако чудно присутно“.
Очигледно е дека автентичноста е во срцето на проектот. Тимот објаснува дека во процесот се инспирирале од фолклорни елементи, народни верувања и архитектурата на рурална Македонија.
„Особено старите куќи со дрвени чардаци, камените ѕидови и природниот звук на ветерот меѓу дрвјата. Сакаме играта да биде и претставување и реконструкција на тие спомени“, додаваат тие.
Овие спомени се во срцето на приказната. Играта се одвива откако родителите на Олга ја добиваат најголемата можност за кариера во нивните животи и заминуваат од земјата на неколку месеци. Олга останува во домот на нејзините баба и дедо во Беловодица, скриено, изолирано село длабоко во планините. Приказната се случува во време кога комуникациските уреди, како што се мобилните телефони, не биле достапни за оние што живееле во такви области. Сè што Беловодица ѝ нуди на Олга е изолиран, мирен и тивок живот со нејзините стари баба и дедо, или барем така таа сакала да верува… Оваа поставеност ја засилува темата на изолација и интимност за која зборува тимот, што нè наведе да прашаме за самата локација.
Беловодица е опишана како скриено, изолирано село. Дали вашата игра е целосно заснована на вистинското место во Македонија или е, пак, спој од неколку локации кои се посебни за вас?
„Беловодица е вистинско село во Македонија, поточно Прилепско и тоа беше еден од нашите почетни извори на инспирација“, потврдуваат тие. Сепак, брзо додаваат дека не станува збор за буквална реплика. „OLGA не го прикажува буквално, нашата верзија е интерпретација што ја спојува реалната локација со елементи на мистерија и емоционален симболизам. Самото село е полно со тишина, стари куќи и чувство дека времето таму стои. Тоа чувство го пренесовме во секој дел од играта, од амбиентот, светлото, па дури и во тишината меѓу звуците. За нас, Беловодица не е само место, туку лик што раскажува приказна“.
Ваквиот пристап, каде што атмосферата е во преден план, отвора прашања за гејмплејот. Во ера на брзи и акциони игри, како се задржува вниманието на играчот во едно намерно бавно искуство?
Овој тип на игри во голема мера се потпираат на атмосферата и приказната. Како дизајнирате ангажирачко искуство и го одржувате интересот на играчите во игра која е намерно бавна и нема борба?
„OLGA е игра за набљудување и размислување“, велат од тимот. „Наместо да се фокусира на акција, ја гради напнатоста преку ситни моменти, како звук на гранка, светлина низ дрвјата, погледи и приказни од ликови низ приказната. Користиме визуелни и звучни наративи за да го задржиме вниманието. Секој простор е создаден со цел да ја предизвика љубопитноста на играчот и да го награди оној што ќе застане и ќе обрне внимание. Веруваме дека ‘бавноста’ може да биде најмоќниот облик на интеракција кога е намерно дизајнирана“.
Оваа филозофија на дизајн се рефлектира во самите „гејмплеј“ механики кои ги гледате во демото, а би можеле да ги очекувате во финалната верзија. Тимот нагласува дека OLGA е намерно бавна игра, каде фокусот е ставен на истражување и впивање на атмосферата, без потреба од брзање. Искуството е целосно лишено од борбени системи и конфликт, со што приказната останува во центарот на вниманието. Во ваква поставка, вие сте водени низ една внимателно изработена линеарна нарација, дизајнирана да биде пријатно, кратко и релаксирачко искуство. Клучен елемент е автентичноста, со визуелен идентитет длабоко инспириран од словенската традиција и архитектура.
Секако, претворањето на ваква визија во реалност носи свои предизвици. Разговорот нè одведе кон техничките и креативните пречки со кои се соочиле.
Кој беше најголемиот предизвик со кој се соочивте конкретно при развојот на ова демо?
„Најголем предизвик беше балансот меѓу техничката реализација и емоционалниот тон“, искрено одговараат. „Сакавме играта да изгледа модерно и детално, но без да го изгуби чувството на едноставност и топлина. Покрај тоа, бидејќи сме мал тим, секој чекор, од техничка оптимизација до визуелна насока, бараше огромна посветеност. Најтешко беше да се задржи фокусот на суштината: да не заборавиме зошто ја правиме оваа игра, дури и кога сме заглавени во код и багови“.
За да го постигнат тој уникатен визуелен стил, тимот се потпрел на докажани алатки во индустријата.
Кој енџин и софтвер ги користите за да го оживеете стилизираниот свет на OLGA и зошто ги избравте за овој проект?
„OLGA е изработена во Unity, бидејќи овозможува најголема флексибилност за мали тимови и креативна контрола врз визуелниот стил. Од софтвери користиме комбинација од Maya, Substance Painter, Photoshop, Illustrator и Adobe Premiere Pro“.
Приказната на OLGA нема да биде раскажана одеднаш, туку во делови, што е интересна одлука.
Зошто одлучивте да ја објавите OLGA во епизоден формат?
„Се одлучивме за епизоден формат бидејќи приказната на OLGA не е нешто што се раскажува одеднаш. Таа расте и се открива полека, како вистинско сеќавање. Со секоја епизода сакаме да додадеме нова перспектива, нова емоција, ново парче од сложувалката. Тоа ни овозможува да ја градиме играта заедно со заедницата, да слушаме мислења и да ја обликуваме приказната пооргански“.
Со објавеното демо, тимот веќе гледа кон иднината.
Која е следната голема цел за OLGA по објавувањето на ова демо?
„Следниот голем чекор е учеството на Steam Next Fest. Тоа ќе биде нашата прва голема средба на оваа игра со пошироката публика“, откриваат тие. „Потоа следува работата на целосната прва епизода, која ќе ја прошири приказната, ќе вклучи повеќе интеракции и ќе го развие односот меѓу Олга и светот околу неа. Нашата долгорочна цел е OLGA да стане серија од искрени, визуелно богати приказни кои ја истражуваат носталгијата и природата“.
Секое патување носи важни лекции, а развојот на инди-игра не е исклучок. За крај, ги прашавме за највредните совети што би ги споделиле.
Која е највредната лекција што ја научивте досега, а која би им ја пренеле на другите девелопери?
„Највредната лекција е дека искреноста е посилна од перфекцијата. Публиката секогаш ќе почувствува кога нешто е направено со вистинска емоција. Друг совет е дека не треба да се брза. Развојот во инди светот е трпелив процес. Секој чекор што изгледа мал на почетокот, на крај создава атмосфера која не може да се симулира, само да се почувствува“.
И конечно, како е да се развива инди-игра во Македонија?
„Да се развива инди игра во Македонија е предизвик, но и посебно искуство. Недостига инфраструктура и финансиска поддршка, но има креативна слобода и голема заедница од луѓе кои искрено сакаат игри“, заклучуваат тие со доза на гордост. „Тоа што нè прави горди е што работиме од Македонија, но со светски стандарди и сакаме да покажеме дека добрите приказни можат да дојдат и од најмалите, неочекувани места“.
Останува да видиме како ќе изгледа финалниот производ на OLGA. Искрено се надеваме дека нивната визија ќе биде целосно исполнета, овозможувајќи ѝ на играта да се истакне како визуелна поезија која целосно ќе не вовлече во уникатниот свет и ќе ни дозволи ем да ги преживееме спомените од детството на Олга, ем да ги слушнеме приказните што ги шепоти ветрот низ напуштеното македонско село. За еден нов почеток на една прекрасна приказна!
Стани премиум член и доби пристап до сите
содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет,
верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го
поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
itmkhascookiez-checkbox-analytics
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Аналитика".
itmkhazcookies-checkbox-others
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Други".
itmkhazcookiez-checkbox-functional
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Функционални".
itmkhazcookiez-checkbox-necessary
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Потребни".
itmkhazcookiez-checkbox-performance
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Перформанси".
viewed_itmk_cookiez_policy
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност и не чува лични податоци.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.