Веб прелистувачот Dolphin сега ќе го олесни сурфањето и на iPhone

Веб прелистувачот за паметни телефони Dolphin, кој веќе е многу популарен на Android уредите, од сега е достапен и за оперативниот систем на Apple, iOS. Новиот веб прелистувач Dolphin за iPhone ги носи со себе опциите кои веќе се достапни за корисниците на Android уредите. Веб прелистувачот Dolphin за Android до сега е преземен повеќе од девет милиони пати.

Dolphin за iPhone ќе мора да се натпреварува со стандардниот веб прелистувач за iOS, Safari, како и со други надворешни веб прелистувачи, како што е Opera Mini. Предноста на Dolphin над овие веб прелистувачи е тоа што нуди опции за далеку поефикасна веб навигација кога сурфате од вашите паметни телефони. Една од најкарактеристичните опции е навигацијата со гестикулација. Движејќи го прстот по екранот на вашиот паметен телефон, цртајќи различни знаци, можете да отварате веб страници, да се движите низ моменталната веб страница, да обележувате веб страници и друго.

Dolphin нуди листа на гестукалации кои треба да ги направите за да ја извршите посакуваната функција. ПА така, доколку на екранот поминете со прстот во форма на V, ќе бидете однесени на дното од веб страницата. Интересно е тоа што можете и вие самите да си додавате гестикулации кои би ви овозможиле брз пристап до одредени функции и веб сајтови.

Веб прелистувачот Dolphin исто така се разликува од останатите веб прелистувачи и по опцијата Webzine. Оваа опција овозможува сите страници на веб сајтовите да се покажуваат во еден вертикален ред. Ова е возможно благодарение RSS фидовите на дадените веб сајтови. Други интересни опции што Dolphin ги нуди е можноста да споделувате веб страници на Twitter и Facebook со само едно копче, да отварате повеќе јазичиња, опција за брз пристап до најчесто посетените веб сајтови, можност да гледање веб страници на цел екран, и многу други корисни опции.

Единствен проблем при користење на овој веб прелистувач, е тоа што страда од истите рестрикции како и сите надворешни апликации за iOS. Apple не дозволува промена на стандардниот веб прелистувач Safari, па така кога ќе кликнете на некоја врска при користење на Dolphin, новата страница ќе се отвори во Safari. Веб прелистувачот Dolphin сé уште не е оптимизиран за iPad.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments