Од Trello борд до корисници од 32 држави од целиот свет, интервју со Филип Андонов соосновач на Neubase

во Интервјуа, ИТ.МК

Neubase е компанија која им помага на non-US основачи да регистрираат и управуваат со компанија во САД, нудејќи комплетно „hands-off“ решение во сите чекори, од процесот на регистрација, до поднесување даночни пријави и сметководство. Идејата за компанијата се родила од непостоење на соодветни алатки и увид на проблемите со кои се соочуваат основачите на стартапи од Македонија и Балканот во однос на платежните процесори и онлајн банки.

Neubase е основана од Филип Андонов и Петар Тодоровски. Петар е фриленсер, автор на freelancefrom.mk, консултант за заштитата на личните податоци. Филип е креативен продуцент, дизајнер и основач со повеќе од 13 години искуство во дигитален дизајн и веб-развој. Работел за Fortune 500 компании и стартапи низ целиот свет. По враќањето од Канада, Филип сакал да продолжи со придобивките на канадската компанија, но да работи од Македонија. Токму од таа потреба се родила идејата за Neubase.

Започнаа како скромна идеја со локален фокус на Македонија и регионот, но по само две и пол години имаат корисници од 32 држави од целиот свет. За почетоците и растот на Neubase разговаравме со Филип Андонов.

Можеш ли накратко да ни кажеш што е Neubase и зошто се одлучивте да го креирате?

Neuabse е компанија која им помага на non-US foudners да направат своја компанија во САД, нудиме hands-off решение за сите кои ни се клиенти. Тоа значи дека се грижиме за сите работи од самaта регистрација до водење на фирмата, поднесување даночни пријави, завршни сметки, сметководство и притоа нудиме целосна техничка поддршка.

Го креиравме Neubase бидејќи увидовме дека Македонија (Балканот) има проблем со платежни процесори, онлајн банки и многу други работи кои развиените земји го нудат на своите граѓани. Постоечки решенија има, меѓутоа откривме дека многу од компаниите кои нудат слична услуга не се грижат доволно за клиентите и тие се оставени сами да бараат решенија по форуми и Reddit постови како да направат нешто во врска со својата компанија во САД.

Велиш дека идејата почнала со „имејл и Trello борд“. Можеш ли да ни раскажеш повеќе за патот од почетната идеја до првата верзија на производот?

Приказната започна кога решив да се вратам во МК после моето живеење во Канада, барав решение кое ќе ми овозможи да ги имам бенефитите на Канадска компанија меѓутоа да можам да работам од МК. Открив дека US LLC е можното решение, правеќи истражување го сретнав сајтот на Пeтар (Freelancefrom.mk) и некаде стоеше дека за US LLC може да се прати мејл. Бидејќи Петар го имаше поминато процесот за неговата компанија, решив да го искомуницирам.

После еден „email thread“ од 40-тина мејлови се договоривме дека оваа услуга е потреба за сите што се во слична ситуација и дека ќе пробаме да ја нудиме. Направивме Trello board со неколку таскови и почна приказната.

Филип Андонов и Петар Тодоровски

Првичната цел ви беше да се направи алатка за Македонија, а дополнителен успех на Балканот беше „бонус“. Во кој момент сфативте дека Neubase има многу поширок потенцијал? Кој беше тој „аха“ момент?

Тргнавме од Македонија бидејќи бевме сигурни за овој пазар од бесконечно многу коментари на ФБ групи каде постојано се прашува „како да примаме пари од странство?“, „како да отврам PayPal?“, како да конектирам Stripe или Wise?“. Сите овие работи се возможни со US LLC (Limited Liability Company) и тоа е straightforward process.

Нормално откривањето пазари и потенцијал за продавање на услугата се правеше со тестови и грешки, како што поминуваше време почнаа да не контактираат луѓе од Дубаи, Германија, Бахами, секој со свој проблем на кој US LLC  е решението. На некои им треба присуство на американскиот пазар со американска компанија, на некои им треба придобивките за нула starting capital (некои европски држави бараат и до 25 000 евра за да стартувате компанија).

Многу вакви мали „аха“ моменти само ни ги прошируваа хоризонтите и дознававме нови информации и регулации за кои моравме да идеме спремни да нудиме консултации и решенија.

Што точно Neubase им овозможува на корисниците?

Neubase им овозможува на клиентите да работат целосно онлајн компанија во било која индустрија, им гарантира 100% приватност, присуство на американскиот пазар, да примаат и плаќаат во странски валути, притоа да плаќаат нула отсто данок во САД (бидјеки САД LLC фирмите ги смета за pass through entity т.е данокот се префрла на сопственикот и најчесто е нула за нерезиденти во САД). Компаниите во САД имаат неколку типови на компаниски структури, помагаме на клиентите да регистрираат LLC или C-Corp.

Нашиот продукт им овозможува да управуваат со своите обврски соодветно на законот во однос на data privacy, AI, compliance и слично, да се стекнат со знаење за како да постапуваат и да избегнуваат проблеми во текот на работењето.

Во принцип го направивме она за кое сите ние (барем во МК) се жалевме дека го немаме и не можеме да работиме со одврзани раце на светски пазар, сега тоа е возможно и испадна дека не е воопшто комплексно.

Пред да го основаш Neubase беше дизајнер, кои беа главните предизвици при креирањето на корисничкото искуство за Neubase? Како се обезбеди алатката да биде интуитивна за корисници од различни земји?

Сѐ уште сум дизајнер :) само сега имам многу помалку време за дизајн. Имам 13+ години искуство во branding, UX & UI, web design… знаејќи ги предностите и недостатоците на tech индустријата и стартапите ми беше прилично лесно да го адаптирам брендот на денешните стандарди и да знам што сакаат корисниците од една ваква алатка.

Главни предизвици беа креирање на едноставно и интуитивно корисничко искуство при самото регистрирање на профил, регистрирање на компанија, па се до водењето и тековната работа. Користиме user centric approach, што всушност е методологија која ги приоретизира потребите на корисниците ставајќи го корисникот во центарот на дизајн процесот и методолошки решавајќи ги сите предизвици за конечен продукт кој е ефективен, ефикасен, едноставен и лесен за употреба.

Ако има, можеш ли да ни споделиш некој пример за Neubase корисник кој ја искористил алатката на неочекуван или иновативен начин?

Веројатно не. Можеби интересно е да се спомне дека клиент од Италија го продаде својот САД бизнис во втората година од постоење за милионска сума.

Кои се клучните дизајнерски принципи кои ги применувате во Neubase? Што ја прави алатката толку привлечна за креативците и претприемачите?

Решението кое го нудиме е industry agnostic, не сме фокусирани само на креативци, во моментов опслужуваме индустрии како e-commerce, startups, агенции (овде спаѓаат креативци, меѓутоа и маркетинг, девелопмент, SEO и слiично), диспеч и trucking компании.

Кои се најголемите лекции што ги научивте за водење глобален бизнис од Македонија?

Тоа што мислиме дека е selling point во одредена држава, не значи дека може да се реплицира за соседната, или било која друга. Сите држави имаат различни закони и регулативи. Давањето на точни информации е клучно за секој кој е резидент во таа држава. Често се консултираме со советници од други држави кога има покомплексни случаи.

Водењето бизнис од МК има позитивни и негативни работи, негативните ги знаеме сите, би се фокусирал на позитивните.

Лесна и отворена комуникација, сличен ментален склоп за членовите од тимот (на ова внимаваме многу кога вработуваме), фиксниот и нискиот процент на персонален данок, добар интернет, сонце и добар патлиџан :)

Како успеавте да изградите доверба и да го проширите бизнисот на глобално ниво без оглед на географската локација?

Во принцип поголемиот дел од клиентите ни се на реферал база, значи самите клиенти не препорачуваат во нивниот network. Во светот генерално сите сакаат професионализам и однапред утврдени правила и outcome. Ова го комуницираме од старт и немаме скриени трошоци, финти или било што, што ќе може да ги изненади нашите клиенти. Пристапот ни е сериозен меѓутоа опуштен, отворен и сме секогаш достапни за консултација.

Откривме дека луѓето сакаат да бидат водени, да имаат предвидливи резултати, да се чувствуваат сигурно и дека некој се грижи за нив.

Велиш „Ако твојата идеја функционира во твојот град, може да функционира и низ планетата“. Што би им порачал на младите претприемачи во Македонија кои размислуваат за глобален пазар?

Македонија е супер (треба да научиме да ја сакаме повеќе) ако сакаш да продаваш локално, има безброј производи и услуги кои може да биде понудени меѓутоа треба да се свесни дека во исто време сме многу мал пазар со ограничена куповна моќ.

Тоа што го правиме од Македонија е исклучително важно бидејќи целиот тим е составен од Македонци, знаењето наше (на целиот тим) е стекнато во Македонија, а е употребливо глобално.

Ги охрабрувам да се пробаат на светски пазар, мора да излеземе од „mindset“ дека не сме добри и дека не може да се успее од МК.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments