Започна како хоби, а сега Tesseract Interactive е прв македонски стартап кој се претстави на Gamescom

Excubitor настана како хоби на Александар Јовановски и Иван Иваноски. Првите очекувања на малиот тим од шест програмери кои го оформија студиото Tesseract Interactive беа оптимистички, но и реални дека ќе биде тешко да се пробијат со играта бидејќи во Македонија не се инвестира во стартапи. Но, приказната се смени во февруари 2013-та година со успешното аплицирање на натпреварот на LAUNCHub. Бугарскиот стартап акцелератор им понуди менторство и 30.000 долари инвестиција, и седум месеци потоа, независнoто студио стана прв македонски стартап кој имаше свој штанд на најголемиот светски саем за видео игри Gamescom.

„Настапивме на Gamescom пред се за да ја претставиме Excubitor на играчите, да добијат можност да ја пробаат и да ја оценат. Секако имавме и прилика да зборуваме со разни издавачи и новинари. Ова ни е првпат да одиме на саем од ваков тип, па можеме да кажеме дека најголемата причина за посетата е да стекнеме искуство за ваков вид на настан.“, вели Александар.

[youtube]2xe8FhFAAio[/youtube]

Најголемата поддршка за Tesserаct Interactive доаѓа од Бугарија. Tехнички студиото мораше да биде регистрирано во Бугарија. Но, ова нема врска со националните определби, туку со потенцијалните можности за развој. Бугарија, Србија и Хрватска полека, но сигурно, прераснуваат во одлични стартап сцени надгледувани од сериозни инвеститори кои можат да бидат отскочна даска на сите регионални стартапи, вклучувајќи ги и македонските. За Tesseract, бугарските стартап акцелератори се тие кои ги туркаат напред.

За Gamescom им помогнаа GDS Bulgaria кои ги организираа со уште две романски компании да го делат штандот за поевтини пари. На саемот Tesseract презентираше alpha верзија од играта за да го видат фидбекот од корисниците, а наскоро ќе претстават и демо верзија на Excubator. Играта е наменета за PC, но не е исклучена можноста да се направи и верзија за мобилните платформи, иако за тоа ќе им треба помош од менторите на LAUNCHub кои се исто толку ентузијасти за Excubator бидејќи им е прва игра во која инвестираат.

„Моментално фирмата е регистрирана во Бугарија бидејќи LAUNCHub располагаат со eвропски фондови и сметката на фирмата мора да е во тамошна банка. Но, тие велат дека нема никаков проблем да се отвори фирма поддружница во Македонија, која планираме да ја оформиме во иднина.“, објаснува Александар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments