Oбама одобри санкции против сите сајбер напади врз САД

САД има нова алатка во борба со сајбер нападите. Овој пат не станува збор за техничко решение кое ќе им овозможи на службите во САД да ги пресретнуваат овие напади, туку легислатива која ќе им овозможи на безбедносните агенции да побараат санкции против поединци и компании, објави претседателот Барак Обама во пост на Medium. Ова е прва ваква легислатива која се однесува на сајбер нападите.

„Примарниот фокус ќе биде на сајбер заканите од странство. Во многу случаи дипломатските и алатките за спроведување на законот се најефикасниот метод кој ние на располагање. Но насочени санкциии, доколку се користат разумно, ќе бидат нов и моќен начин да се справиме со најлошите“, вели г. Обама.

Законот предвидува замрзнување на имотот и средствата на поединците и компаниите кои извршиле сајбер напад, отежнување за соработка со компании во САД и ограничување на можноста за профитирање од криминалот. Освен казните и мерките против напаѓачите, новото законско решение предвидува казни и за сите кои профитираат од нападите, односно компаниите или поедниците кои ги користат украдените деловни тајни.

Санкциите треба да обезбедат подобра: национална безбедност, приватност и граѓански слободи. Законот предвидува казни за сите напаѓачи, но истовремено и ги ослободува од одговорност сите чии компјутери без нивно знаење се дел од бот-мрежа преку која се вршат напад.

“Како Американци, нашата безбедност, просперитет и приватност во 21 век зависи од нашата способност да учиме, иновираме, да градиме, и да правиме бизнис на интернет – но и да го правиме ова безбедно, знаејќи дека нашата чувствителни или лични информации ќе бидат заштитени. Почнувајќи од денес, САД има нова алатка за заштита на нашиот народ, нашите компании и нашите граѓани – во деновите и годините кои се пред нас, ќе ја користиме“, вели г. Обама.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments