Amazon претстави програмабилно копче со кое се нарачуваат работи

Amazon го претстави Dash, уред со единствено копче кој треба да го промени начинот на купување. Dash е со големина на USB-стик и има единствена функција да го нарача производот за кој е програмиран.

Станува збор за наједноставниот начин на шопинг кој досега сме го виделе. Со единствено притискање на копчето автоматски се порачува кафе, прашок за прење, млеко или што и да е потребно. Dash e поврзан на WiFi и со притискањето веднаш се нарачува производот. Освен ова, доколку притиснете неколку пати по ред, копчето нема да нарача купишта од производот, бидејќи има мерка за безбедност која го спречува ова. Копчињата на Dash се програмабилни со помош на апликацијата на Amazon со која може да се одбере производот кој ќе виде купен кога корисникот ќе притисне на копчето. Со помош на апликацијата може и да се откаже нарачката направена со Dash во период од 30 минути.

Тоа што можеби е далеку поинтересно е дали Amazon во иднина би можел да користи најголем дел од „Интернет на нештата“ уредите за самостојни нарачки, на пример: принтер кој самиот би можел да нарача тонер или паметен фрижидер кој може да купува производи кои се при крај. За сега Dash копчињата се достапни единствено во САД и тоа на претплатниците на Amazon Prime.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments