Апликација на денот: И Facebook претстави апликација за споделување видео

0 коментари 1 мин. читање

Facebook ја објави Riff, нова апликација која овозможува креирање на видео со пријателите. Апликацијата е едноставна и овозможува креирање на едноставни видеа во кои може да учествуваат повеќе пријатели, секој со своја содржина.

Корисниците најпрво одбираат тема на заедничкото видео. По ова повиканите пријатели додаваат сопствен видео клип, и откако некој ќе го сподели своето видео, апликацијата автоматски го спојува во едно видео. Понатаму на видеото на Riff може да се додаваат уште видеа од пријателите што овозможува ланец од клипови, иако постои ограничување. Должината на видеото е ограничена на 20 секунди, па не е можно претерување со бескрајни видеа. Riff е достапен за iOS и Android телефоните.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top