Nvidia започна со 1080р 60FPS стрим за својот платформата за гејминг преку облак, Grid. За сега ова е овозможено единствено во бета верзија што е разбирливо со оглед на тоа дека и платформата е во бета фаза. Најголемиот дел од игрите ја поддржува оваа резолуција, а од Nvidia најавуваат дека наскоро ќе ги надгрдат и останатите игри. Ова значи и поголемо оптоварување за серверите па компанијата најавува нови податочни центри во САД, Европа и Азија до крајот на годината.
Со оглед на тоа дека оптоварувањето динамички се манува, на корисниците на Grid автоматски ќе им се менува резолуцијата од 1080р, на 720р и конечно на 540р во зависност од интернет протокот кој е достапен.
Гејмингот на оваа резолуција не е новитет, но за првпат доаѓа преку интернет односно преку клауд сервис за гејминг. Сервисот е достапен за сите со Shield конзола, jaви Ars Technica. За сега целиот сервис е фокусиран токму на оваа конзола и иако од Nvidia најавија проширување на услугата, во моментов нема најави за периодот во кој ова би можело да се случи.







